На прво место

Економијата се стабилизира, фактите и бројките ја побиваат паниката на Венко Филипче и СДС

Македонска Нација

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати јавен повик до економскиот тим на опозицијата за средба во Министерството за финансии, со цел, како што посочи, „да се разјаснат економските факти и бројки“, по серијата прес-конференции на СДС и Венко Филипче.

Според Димитриеска-Кочоска, во јавноста во изминатиот период се пласирале, како што рече, „невистини, погрешни толкувања и очајни политички конструкции“, додека реалните економски показатели покажувале стабилизација и раст на македонската економија.

„За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките опозицијата не стои баш добро“, истакна министерката.

Таа потсети дека Владата ја презела државата во, како што оцени, исклучително тешка финансиска состојба.

„Од 2017 до 2024 година просечниот раст на БДП беше околу 1,8 проценти, најслабото темпо на развој во регионот. Во 2017 година јавниот долг изнесуваше 4,78 милијарди евра, а до вториот квартал од 2024 година достигна речиси 9 милијарди евра. Тоа е практично двојно зголемување на јавниот долг за време на владеењето на СДСМ“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Министерката додаде дека денес состојбата е значително поинаква и дека економијата бележи стабилен раст.

„Во изминатите шест квартали економијата расте со околу 3 проценти, во време кога растот во Европската Унија е околу 1 процент. Македонската економија во 2025 година бележи стабилен раст од околу 3,5 проценти. Платите растат со динамика близу 10 проценти, бројот на нововработени лица расте, а капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво“, рече таа.

Според неа, Министерството за финансии води одговорна политика за управување со јавниот долг и сервисирање на обврските наследени од претходната власт.

„Минатата година беше отплатена еврообврзница од 500 милиони евра. Оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, исто така земена од владите на СДСМ. Половина од оваа обврска веќе е сервисирана, а остатокот ќе биде сервисиран во текот на јуни 2026 година“, истакна министерката.

Таа посочи дека од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од стари долгови.

„Само од втората половина на 2024 година до првиот квартал од 2026 година беа обезбедени 1,2 милијарди евра исклучиво за сервисирање на еврообврзници земени од претходната власт“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Во своето обраќање таа ја обвини претходната власт дека оставила хаос во јавните финансии, систем без јасен правец и економија погодена од инфлација и задолжувања.

„Денес, за разлика од тоа време, граѓаните повторно почнуваат да гледаат држава која работи за нив. Држава која покажува одговорност и ги враќа довербата, достоинството и чувството дека институциите конечно се во служба на граѓаните“, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска порача дека Владата навремено презела мерки за стабилизација на пазарот и заштита на животниот стандард, посочувајќи дека Македонија денес има меѓу најниските цени на горивата во регионот.

На крајот, таа упати порака до опозицијата пред следните настапи внимателно да ги проверува податоците.

„Фактите, бројките и резултатите се на страната на Владата. А кога е така, политичките конструкции многу брзо паѓаат во вода“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Најново од: На прво место

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

To top