Коментари

Манастирот Св. Спас – Св Харалампиј во близина на селото Крушоради (Леринско)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот “Св Спас – Св. Харалампиј“ „се наоѓа на ¼ час по југо-источна насока од селото Крушоради (Леринско). Манастирот е откриен пред 80 години (околу 1853 г. – н.з.) од хаџи Јован од соседнто село Вошчарани или Овчарани. По смртта на аџијата, кој држел грчка служба во црквата, се размислувало да се пее на славјански, но беговите под чие ведомство спаѓа селото се јавиле како заштитници на грцизмот, поради кое манастирот останал затворен долги години, без да има жив човек во него.“ – пишува Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.)

Крушоради (грчки Ахлада) е село во Леринското Поле, Егејскиот дел на Македонија. Селото се наоѓа во близина на границата со Република Македонија, на 24 километри севороисточно од Лерин. Тоа се наоѓа на десниот брег на Стара река, во малата котлина на северозападните падини на Кајмакчалан, на 730 метри надморска височина.

Според преданијата првобитно населено место всушност било утврдената населба Крушовград понасевер од денешното село, во денешната месност Грамада. Месноста е така наречена поради купиштата големи грамадни камења кои опстоиле како сведоштво од некогашната тврдина.

Инаку, во почетокот на XX век Крушоради имало три маали Горно и Средно Крушоради, како и Долно маало или Јуруково. Додека последното успеало да се откупи, двете маали или села долго време бил чифлици со беговска кула, кехаи и чувари Арнаути. Беговите поткупени од Патријаршијата долго време не дозволувале во блискиот манастир Св. Спас да се служи на старославјански, поради што долго време се до создавањето на Македонската револуционерна организација манастирот бил долго време затворен.

Георги Трајчев кој како училишен инспектор доаѓа во овој крај во 1910 година, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за манастирот Св. Спас – Св Харалампиј ќе го забележи следното:

„Овој манастир се наоѓа на ¼ час по југо-источна насока од селото Крушоради (Леринско). Манастирот е откриен пред 80 години од хаџи Јован од соседнто село Вошчарани или Овчарани. По смртта на аџијата, кој држел за грчката служба во црквата, се размислува да се пее на славјански, но беговите под чие ведомство спаѓа селото се јавиле како заштитници на грцизмот, поради кое манастирот останал затворен долги години, без да има жив човек во него.

Во тоа време манастирот броел до 200 глави добиток кој просто бил разграбен. Со поддршка на Внатрешната организација манастирот бил откриен одново, а за настојник бил поставен синот на аџијата – свештеникот Трајко. Тој не живеел многу. Него го наследил син му хаџи Христо. Тој беше 45 годишен кога го посетив манастирот во 1910 година како училишен (егзархиски – н.з.) инспектор на Охридската епархија.

Манастирската црква не е многу голема. Таа е изградена врз стари основи. Црковниот празник е Св. Спас, но бидејќи недалеку од манастирот има и други рушевини од старата црква св. Харалампиј, затоа и на тој празник св. Харалампиј станува собор. Така манастирот е посветен на св. Спас и св. Харалампиј. Црквата има и женско одделение. Испишана е со живопис и со грчки надписи. Свештенодејствува поп од село Крушоради.

Манастирската зграда е заобиколена со авлија (ѕид) и се влегува низ голема порта и други две помали. Зградите се стари и триетажни. Горе има пет големи соби и една помала, чардак и амбар. Вториот кат има: 3 големи соби, 2 помали и 3 килери (шпајзови) Најдоле има две штали. На страна од таа зграда има друга помала, со 2 килера, 2 собички и над нив камбанарија.  При олтарот има 2 други собички за затворање на луди луѓе.

Манастирот има доста покуќнина, жива стока. Ниви, ливади и кози. Во манастирскиот двор се гробовите на ктиторот хаџи Јован и неговиот син Трајко.

Во близината на манастирот има рудник на камен јаглен, кој се експлоатира од селските бегови.

Во 1881 година јеромонахот Јоаникиј со завештание го дарува манастирот со целиот имот на св. Охридска митрополија. Архимандритот Ананиј, синот на Јоаникиј, го чувал оргиналот од ова завештание.

Грчкиот владика Антим, преку Крушодарските бегови, успева да го преземе манастирот. Така манастирот беше во владение до создавање на нашата Внатрешма организација.’  

Во 1899 година во Крушоради била  втемелена Македонската револуционерна организација под раководство на Крсте Канзуров, Атанас Балов, Филип Гоговчев и Ѕоле Весов – Кардако. На почетокот на XX век целото село, кое се води како чисто македонско, влегло под врховенство на Егзархијата. Во 1903 година, жителите на Крушоради масовно зеле учество во Илинденското востание под раководство на учителката Ката Неданчева.

Со Букурешкиот договор во 1913 година, кога Македонија е поделена на четири дела, селото било припоено кон грчката држава. Поради големиот терор со кое се соочувало населението, особено по Граѓанската војна во Грција, голем број македонски семејства го напуштиле селото, во кое грчките власти населиле колонисти од Епир.

Од ова село корените ги влече и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Неговиот дедо живеел и е погребан таму, додека неговиот татко како дете се преселил во Македонија.  

Во селото денес има четири цркви – “Свети Спиридон”, “Свето Вознесение Господово”, “Свети Ѓорѓи” и “Свети Харалампиј”. Според традицијата на манастирот св. Спас – св. Харалампиј, соборот на селото му е на Спасовден (Вознесение).

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top