Коментари

Војните на Балканот не се производ на Балканците, туку на Брисел и Стразбур!

eu

euПретседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги предупредил Соединетите Американски Држави за опасноста од нова војна на Балканот, доколку Европската унија “се распадне“, пренесе во петокот EurActiv.

Ова Јункер му го пренел на американскиот потпретседател Мајк Пенс, со кого имал средба минатиот месец во Брисел. Детали од разговорот се открија дури деновиве во интервју за Financial Times.

Јункер изјави дека е “изнервиран и изненаден” од ентузијазмот на Доналд Трамп во врска со излегувањето на Велика Британија од Европслката Унија, и поради ова тој ги предупредил Американците за последиците од таквото однесување.

Шефот на Европската комисија смета дека однесувањето на Трамп всушност покажало колку “тој не ја разбира комплицираната историјата на Европа“.

Јункер уште вели дека го предупредил американскиот потпретседател: “Вашингтон не треба да ги охрабрува другите земји да го имитираат Brexit”.

“Му реков на потпретседателот Пенс: Не зборувајте така, не ги повикувајте другите да излезат, затоа што ако Европската Унија се распадне, тогаш ќе има нова војна во Западен Балкан“, рече Јункер.

Шефот на Европската комисија смета дека на регионот мора да му “се понуди европска перспектива”.

“Ако ги оставиме сами, Босна и Херцеговина, Република Српска, Македонија, Албанија, во сите овие земји, повторно ќе има војна”, изјави Јункер.

И покрај се’ и после се’, Јункер не разбира дека војните на Балканот не се производ на Балканците, туку на Брисел и Стразбур!

Како и насекаде во светот, тие и на Балканот, Брисел и Стразбур создаваа држави и нации, цртаа граници и пишуваа нови истории со свои суверени од нивни династии, носеа историчари од своите држави за да напишат нови истории на земјите кои ги владеат…

Балканот не е буре барут поради интересите на Балканците, туку на земјите на Европската Унија.

Производ на нацистичка Италија е Голема Албанија, Бугарија е интерес на Германија, Грција е интерес на Велика Британија, Србија е интерес на Франција…

Македонија не излезе од поранешна СФР Југославија да се фрли во прегратките на Србија, Бугарија или Европската Унија, туку да биде држава – суверена и самостојна!

Македонците отфрлаат пристапување на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, поради грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата и на Софија за промена на историјата на Македонија, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Тодор ПЕТРОВ

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top