Коментари

Жиците на гитаристот Заев не штимаат

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

До сега се имам видено и чуено во мојот живот. Мислев се, ама Заев ме попишмани. 

Последната негова изјава и симболи со жицата од гитара, па жицата за перење на жената му кои наводно лесно ќе ги сменел … сето тоа да ти биде женскополовски дим. АМА МАКЕДОНШТИНАТА НА ЗАЕВ да ти биде нешто што цел свет до сега не знаел и не видел … е тоа е тоа не ” уби ” во поим сите, посебно мене. 

Мислам дека оваа изјава му донесе убедливо шампионско место со сартификат во Бардовци, Демир Капија па и во Парамата во Сиднеј. Паднаа во вода сите изјави дека патриотизмот на СДСМ не им стоел. Па од оваа изјава сите СДСМовци ќе почнат да сечат вени од сега кога ќе слушнат песни како Народе Македонски, Едно имаме имаме, Излечи момче горе на тераса итн итн… 

Тој како опозиција успеа покрај сите манипулации, криминали и 100 милиони евра тендери во Струмица со најмалку 4 Поршеа во возниот парк, кога дојде како градоначалник на Струмица имаше само Југо на плин, па аболициран за Глобус и милиони други мучки… ЗАМИСЛЕТЕ АКО ДОЈДЕ НА ВЛАСТ КАКО ПРЕМИЕР КОЛКУ ПРИВАТНИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ БИ ИМАЛ ТОЈ МУРТИНЕЦОТ, ЗА АВТОБУСИ, КАМИОНИ И ТРАМВАЈИ ДА НЕ РАЗГОВАРАМЕ… Само затворете ги очите за 3 секудни и размислете. 

Едно е сигурно, тој нема да дојде да дојде на власт ни една секунда, затоа што нервата на Путин почнува да работи. Светски играчи и земји како Америка со Сорос, Ротчилд, Илуминати и сите ѓаволи собрани од ЕУ и НАТО губат од Путин, па сега за еден мрднат од Муртино нема Русија и Путин да се мислат многу. 

Затоа, жиците на жена му и гитарата нека ги менува колку што сака Заев, ама нека не пробува да се менува самиот себе со неговата македонштина. Не му стои, не му доликува да биде патриот. Доволно направи штети па и да седне со гол задник на најжешко ќумбе, никој нема да му поверува дека се изгорил. 

ПУСТА НАША МАКЕДОНИЈА ДАВАЛА ГОЛЕМИ ХЕРОИ, АМА И ГОЛЕМИ ИЗДАЈНИЦИ КАКО ЗАЕВ. СИТЕ НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ВЕЧНИ, САМО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ВЕЧНА.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top