Коментари

Јавно писмо на ЦЕНЕСИ до н.е. амбасадор на ЕУ во Р. Македонија, Самуел Жбогар!

zbogar-samuel-mk-pocnadenes-01

Ќе му го суспендирате ли на македонскиот народ и правото на референдум?

zbogar-samuel-mk-pocnadenes-01

Ваша екселенцијо, г-н С. Жбогар, Ви го препраќаме јавното писмо на невладиното научно здружение ЦЕНЕСИ – Центар за Немилитаристички Стратешки Истражувања – од Скопје, Р. Македонија, што му го упативме на Вашиот претходник, н.е. г-н Аиво Орав од 02. 08. 2016г. Во писмото упативме јавна критика на ЕУ и на “Комисијата на ЕУ„ и на “амбасадорската четворка“ за „Пржинскиот договор“, за Препораките на Прибе и Ван Хојте со кои ЕУ продолжува да ги ревидира темелните принципи на европскиот (Бадентеровиот) Устав на државата Република Македонија од 1991 г. поточно основните одредби на меѓународното и европското право, а во прв ред на евро-атлантските стандарти на самофинансирање на посебните малцински права, што ги применија прибалтичките држави при демонтажата на комунистичкиот модел на меѓуетнички односи. Затоа ние изразивме жалење оти во мандатот на н.е. Аиво Орав во Македонија не беа направени практични чекори за примена на балтичкиот (Кинкел-Штуловиот) модел на малцински права. За жал ниту во Вашиот мандат не гледаме чекори во насока кон балтизација на Балканот, туку обратно – во насока на балканизација на Балтикот и кон натамошна меѓуетничка конфронтација не само на Балканот, туку и на Балтикот и на светот.

Со цел и во Македонија да започнеме вистински реформи за демонтажа на комунистичкиот модел на меѓуетничките односи и хармонизирање со евро-атлантскиот балтички (Кинкел-Штуловиот) модел, ние побараме во Комисијата за решавање кризата во Македонија да се вклучат и високи претставници на прибалтичките држави и на Русија, а во „амбасадорската четворка“ да биде вклучен и амбасадорот на Русија, н.е. О. Н. Шчербак. Тој има превисоко меѓународно-правно знаење и дипломатско искуство и не е зафатен од сталинистичката „вртоглавица од успеси“, сега од енерго-доларите. Притоа ние се водевме од уверувањето, дека за време на поранешниот СССР имено поколението на н.е. А. Орав и на н.е. О. Шчербак насобра знаење и умеење за соработка со реформските сили имено на рускиот народ за да ги амортизира недемократските агенди на „црвените кмери од Кремаљ“, кои не помалку од камбоџанските „Црвени Кмери“ го десеткуваа имено рускиот народ!

Оттаму, Ваша екселенцијо, С. Жбогар, поранешен сотатковнику, да Ве потсетиме:

Македонија и во 1946 г. и во 1991 г. донесе Устави на национална држава по европски демократски неасимилационен модел, без „котелот за асимилација“ на малцинствата, кои покрај граѓанските права, слободно ги остваруваа посебните етнички права согласно правата и обврските од меѓународното право. Антифашистичкиот АСНОМ-ски Устав беше верификуван на Париската мировна конференција од 1946 г., и во Повелбата на ООН од 1945 г., чиј сопотписник и соосновач, како и Р. Словенија, беше и Р. Македонија. А пак истите одредби преточени во вториот Устав од 1991, по Референдумот за осамостојување, го верификуваа и највисоките европски уставотворни авторитети – претседателите на Уставните судови на 5 најпрестижни членки на ЕУ под водството на Р. Бадентер.

Значи, во уставотворната дејност во Македонија само два Устава беа наметнати со недемократска постапка и без пошироко одобрение, ниту внатрешно, ниту надворешно! Тоа е Уставот од 1974 г. и рамковниот Устав по 2001 г. Првиот недемократски Устав го наметна радикал-левичарската врхушка на Кардељ, кој нашиот народ не го прифати, па дури ниту двете комунистички крила – Лазо-вистите, и Крсте-вистите! А пак европски верификуваниот Устав од 1991 г. во 1993 г. го торпедираа грчките, а во 2001 г. албанските неофашисти, заедно со „професорчињата од канцелариите на Силите на Балканскиот Сојуз“! Па така, под паролата на „братство и единство“ од Крделевиот Устав од 1974 г. „интригантите од северо-западот и професорчињата од пандурската белградска канцеларија“, како вели К. Црвенковски намакедонскиот народ и на малцинствата со култивирана рожбеност им го одзедоа основното право – слободно да располагаат со својот имот и доход. И, како вели поетот-мислител Б. Конески: „периодот на цицање крв со вата го заменија со период на пиење крв со нож“! А сега главното барање во „Албанската платформа“ е да се озаконат и продлабочат истите комунистички привилегии од Рамковниот договор за да продолжи по „закони груби/ нашиот живот да се доизгуби“.

Ваша екселенцијо, г-н С. Жбогар, денес гледаме дека ЕУ не се оградува од „Албанската платформа“, со која се урива државата на македонскиот народ и меѓународ-ниот поредок! Обратно, со барањата за итно формирање Влада без истовремено да спроведеме рефермдум за враќање на европскиот Устав на Р.Македонија од 1991, ЕУ ќе продолжи да ги подржува политичките сили и агенди со кои се ревидираат темелните уставни принципи на државата Република Македонија и на европското и меѓународното право. По тие причини ние во писмото го предупредивме н.е. А. Орав на фактот, дека неговиот наследник во Мисијата на ЕУ во Р. Македонија доаѓа од земја, чии либерал-комунистички „интриганти од северо-западот…“, од почетокот и до крајот на Титова Југославија, го уриваа моделот на „старите македонски револуционери и на Д. Бенгурион“. И до ден-денес не го подржаа европскиот „балтиски“, туку ултра левичарскиот карделе-сталинистички малцински модел!

Затоа, Ваша екселенцио, отворено Ве прашуваме, дали ќе го поддржите Повикот на советникот на премиерот Маргарет Тачер, г-н. Норман Стоун, кој од името на Англија ги повика „западните народи да им се извинат на словенските народи поради подршката на барањата на муслиманските заедници во некогашните православни социјалистички земји особено во социјално-економската сфера, зашто нашата подршка не беше мотивирана од морално-хуманистички принципи, туку од политичките цели со зголемување на расходите во трката за вооружување да го збрзаме распадот на антицивилизацискиот и антихристи-јански сталинистичкиот систем! Оти, по пропаста на социјализмот, веруваме, и нашите муслимански пријатели ќе го сфатат тој факт“! Оттука, дали Вие лично, како Словенец, ќе покренете постапка за извинување за подршката што токму Вашите политички водства и борците за човекови права од редот на „Младина“ и сега Соросовите НВО, им ја даваа на и им ја даваат на албанските „борци за права“ според карделевите привилегии? Затоа ние, Македонците од Македонија, Америка, Австралија и Канада, како и од Русија и Турција и другите земји, веруваме, дека Вашите земји нема да допуштат „агентурите на силите на Балканскиот Сојуз и центрите на политиката на двојни стандарти“ со “Албанската платформа“, освен системот, да ја разурнат македонската држава!

Ваша екселенцијо, ние сме убедени дека и членките на ЕУ, чии претседатели на Устваните судови го верификуваа Уставот на независна Македонија од 1991, ќе ги осудат неговите измени, како и Платформата на Албанија и ќе останат на браникот на неприкосновените права на народите и малцинствата, на основните демократски вредности и обврски на државите. И дека особено учесничките во антифашистичката коалиција одново приоритет ќе им дадат на оние народи и држави, кои во текот на антифашистичката војна конституираа своја национална држава, какви што се РМ и македонскиот народ! Затоа, бараме да го поддржите нашиот јавен Повик за спроведување Референдум за одбрана на Уставот од 1991 г. и правото на Македонскиот народ на држава со статус на народ, на јазик и доход, во која етничките малцинства ќе го зачуваат статусот на малцинство и ќе продолжат слободно да ги уживаат своите граѓански, како и малцинските права во своите посебни етнички образовни, културно-научни, информативни и други институти, но ќе ги финансираат со свои средства согласно меѓународното право и единствените евро-атлантски стндарти.

Ние токму како дипломатска подршка го разбираме Вашето ветување за тоа во текот на отварањето на поглавјата за прием во ЕУ, да ја поддржите нашата Македонска, а не Албанската платформа. Токму затоа, со Референдумот сакаме да ги претпазиме Вашите земји од притисоците на кривотворците на волјата на Македонскиот народ, какви на Балканот, па и во Европа не се намалија по Лисабонската декларација за промена на нашето вековно име. Имено со Референдумот ќе Ви обезбедиме најсилна правна подршка, со која уште повеќе ќе го олесниме Вашето ветување и решение да ја поддржите нашата Македонска, а не Албанската платформа за битни реформи во балканските земји за хармонизација со европскиот систем при отварање на поглавјата за прием во ЕУ на Р. Македонија и Р. Албанија!

И да не би кривотворците одново да не му го суспендираат правото на македонскиот народ и на малцинствата на референдум за своите темелни права!

Со почит и надеж за разбирање и соработка!

Скопје, 2. Март, 2017 г.

За ЦЕНЕСИ, Директор
проф. Чедо Цветановски

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top