Коментари

Роженскиот манастир „Св Рождество Богородично“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Роженскиот манастир „Св Рождество Богородично“ е најголемиот манастир во Пиринска Македонија и еден неколку средновековни добро сочувани манастири. Во минатото манастирот бил ставропигиален, а по поделбата на Македонија тој е подчинет на Неврокопската епархија на Бугарската Православна Црква. До манастирот е гробот на еден од апостолите на македонската револуционерна борба Јане Сандански.

Манастирот се наоѓа на 5 илометри од градот Мелник. Прекрасната местоположба и географската поставеност ја дефинира неговата улога на посредник на многувековната културна интеграција на Балканот. На југозапад од манастирот е планината Славјанка (Боздаг), по чиј срт, по поделбата на Македонија во 1913 година, денес поминува границата меѓу Бугарија и Грција. На североисток се познатите Мелничките песочни карпи кои обликуваат предпланинското намалување кон долината на реката Струма, а  зад нив во долината се креваат величествените заснежени масиви на Пирин планина, од каде дејствувал Пиринскиот цар Јане Сандански. По негова желба, неговиот гроб се наоѓа до манастирот.

Раната историја на Роженскиот манастир не е јасна. Некои го датираат од 890 година, а има и претпоставки дека преподобниот Калист Ангеликуд Мелнички (духовникот, писателел и исихист 1325 – 1395), кој е роден во Мелник, бил основач на манастирот. Но, трагите се губат во големиот пожар кон крајот на XVII век кој ги оштетил манастирските згради и најверојатно го уништил манастирскиот архив. Единствено при ископувањата во манастирскиот двор се пронајдени накит и монети од византискиот император Михаил VIII Палеолог (1259 – 1282). Исто така, индиректни податоци за постоењето на манастирот во 13 век се наоѓаат во една приписка со грчки ракопис. Најраната сигурна информација за постоењето на манастирот е приписката во ракопис од библиотеката на Великата Лавра, во која се истакнува дека ракописот е препишан во 1551 година од јеромонах Козма, игумен на манастирот на “Всесвештената Богородица Розинотиса”.

Во однос на структурата на Роженскиот манастир, таа претставува неправилна хексагонална форма. Станбените згради и ќелиите се изградени по краевите и го опкружуваат убавиот двор. Во средината на дворот се наоѓа црквата. Секоја посебна градба во манастирот датира од различни историски периоди, бидејќи во XVII век манастирот претрпува пожар. До денес успеале да се задржат монашката трпезарија, костурницата и неколку од селскотопанските згради.

Роженскиот манастир својот подем го доживува во XVI век. Кон средината на векот се градат денешното јужно манастирскиот крило и главната црква. На крајот на XVI  век се украсени со фрески црквата и трпезаријата. Во почетокот на XVII век е испишана јужната фасада на главниот храм, а во 1662 година е украсена со фрески и новоизградената манастирска костурница сместена надвор од манастирските ѕидови. По пожарот во втората половина на XVII век манастирот запаѓа во тешка положба.

Манастирот е овозобновен во почетокот на XVIII век. Реконструкцијата започнала во 1715 година, а црквата е целосно завршена во 1732 година. Во 1727 година Теохарис и Николаос ја сликаат сцената Успение Богородично со портрет на ктитор на источниот ѕид на тремот.  Во 1732 година зографот Алексиос од Јанина ги слика иконостасните икони и фрески во црквата.  Во 1761 година, под изговор дека има финансиски тешкотии, Роженскиот манастир ја губи својата самостојност и се претвора во метох на грузискиот Иверски манастир на Атос, а за игумени се назначувани иверски монаси. Во почетокот на XIX век изградбата на манастирот продолжува. Во исто време тој е регионален духовен и книжевен центар, кој поседувал многу земјиште во околината. Но, на крајот на XIX  и почетокот XX век манастирот повторнозапаѓа во тешка положба.

Прилепчанецот Георги Трајчев во делото „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Роженскиот манастир ќе забележи:

„Манастирот е сместен во дното на еден дол, кој се наоѓа северно од Мелник, 2 и пол часа одалечен, над самото село Рожен, со 48 чисто бугарски куќи. Манастирот е на името „Рождество Богородично“, а изопачено на „Рожен“. Тој беше една стара и изветвена зграда. Потчинета беше на  Светогорскиот Иверски манастир. Соборот беше на 8 септември (Мала Богородица). Имаше икона стара, која во надвечерјето на празникот сама се раздвижувала од местото за да излезе надвор. Тогаш ја подземаат калуѓерите и ја изнесуваат пред црковната врата, каде верниците минуваат под неа за здравје, кога настанува страшна турканица за тоа кој прв да мине. Во манастирот живееа до 20 калуѓери, кои читаат по грчки…

Манастирот е изграден во 1217 година со средства и труд на населението од околните села. Тоа се потврдува и од фактот дека од градбата при манастирот на секое село има зачувано по една одаја за гостување на селаните за време на манастирските празнувања. Надписите се грчки Резбата на иконите, украсите, датираат од постоењето на манастирот.

До Балканските војни манастирот беше во грчко владение. Околу манастирот има голема зграда, во долниот кат во кој се сместувале работниците и манастирските чувари. Тој поседуваше околу 100 дек. работна земја ниви, 10 д. лозја, 5 д. ливади, 5 д. црничеви градини, 2 чифта волови, 4 мулиња, 10 крави, 100 овци, 50 кози, 3 свињи за расплод и 20 кошари пчели. На постојана работа, во турско време, имало 12 души чувари арнаути. Имотот сега е одземен од бугарските власти и раздаден на околното население.

Собор има на Рождество Богородично и Крстовден, кога масовно се посетува од целата околија (свед. од Неврокопската митрополија).“

Инаку, додека Роженскиот манастир бил потчинет на Атонска манастир Ивирон, запазувајќи црковна традиција, тој добива копија на чудотворната икона зачувана во манастирот “мајка”. Во случајов тоа е иконата на Св. Богородица Портаитиса или Вратарница. Копијата е направена во 1790 година од монахот зограф Јаков Иверски, по нарачка на кожарския еснаф во Мелник. За разлика од останатите копии на иконата, оваа донираната на Роженскиот манастир, била направена од светено железо, и е опколено од десет мали композиции.

Прилепчанецот Георги Трајчев во своето дело, освен за Роженскиот манастир  говори дека во околината на Мелник постоеле и други манастири:

„Источно од градот имаше три манастири: Св. Спас, Св. Харалампи и Св. Никола. Тие беа управувани од по еден калуѓер. Тие го држеа манастирот под наем за година време. Еден од манастирите се владееше од св. Горскиот манастир Ватопед. И трите манастири беа сред длабоката провалија наречена „Леген“, налик на остров.  Балканската војна остави од тие манастири само мали остатоци…“

Балканските војни (1912/1913) и поделбата на Македонија во 1913 година, имаа трајни последици по македонското културно наледство. Тоа е уништувано, поделено и разграбено од соседните земји. По Балканските и Првата светска војна меѓу Бугарија и Грција настанува спор за сопственоста на Роженскиот манастир. Спорот е конечно решен во 1921 година од Арбитражниот суд во Хаг во полза на Бугарија.

Така и гробот на македонскиот револуционер Јане Сандански, кој се наоѓа  во црквата „Св.св. Кирил и Методиј“, на околу 500 метри од портите на манастирот, ќе остане во рамките на Бугарија. Војводата кој се бореше за автономна Македонија, за Македонија на Македонците, за зачувување на целовитоста на Македонија, остана од другата страна на границата на поделената македонска земја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top