Коментари

Лажни ветувања на лицето Зоран Заев, алидас Бошко Буха


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Потенцијалниот мандатар за состав на новата Извршна власт во независна и унитарна Република Македонија, -динот Зоран Заев, алијас Бошко Буха ветува брда и долини пред македонскиот електорат  особено кај албанскиот политички кампус само и   само да му се исполни целта а тоа е да стане премиер на Република Македонија.

Но, до тоа премиерско столче Бошко Буха на 2 пати и тоа во електронските и пишаните медиуми во нашата земја нагласи дека ако неговата партија загуби на изборните соочувања со најголемиот опонент од македонскиот полити чки блок, а тоа е ВМРО ДПМНЕ ќе си даде неотповиклива оставка од прв човеќ на плавите момчиња.

Првото лажно ветување го направи во 2014 година кога социјалдемократи,те забележаа во буквална смисла на зборот изборна катаклизма од ВМРО ДПМНЕ.

Кога забележа Бошко Буха дека губи на тие избори само 5 минути по затворањето на изборачките места прогласи изборен фалсификат.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека неговите поданици (пратеници ја бојкотираа работата на Законодавниот дом) Резултат на тоа беше 12 месечни необработени плати без учество на пленарните седници.

Зоран Заев, алијас Бошко Буха нагласуваше дека во Избирачкиот список има половина милион (500 000) фантомски гласачи. Од ден на ден таа бројќа од фантомски гласачи ја намалуваше и на крајот се констатира дека всушност фантомски гласачи нема во избирачкиот список.

Потоа, побара да се формира Техничка Влада на 100 дена пред секои идни изборни соочувања. Тоа, негово барање беше исполнето со посредство ка Меѓународни медијатори и тоа Еврокомесарот за унапредување и проширување на ЕУ, Г-динот Јоханес Хан каде во негово присуство 4-те најголеми партии (ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА )го потпишаа т.н. “Пржински договор”.

На 2 пати вонредните парламентарни избори минатата година се одложуваа и конечно на 11 декември 2016 година се одржаа долго најавуваните вонредни парламентарни избори. На истите Бошко Буха и неговите поданици го забележаа 10-от едно по друго изборен пораз било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

Но, пред последните парламентарни избори за време на изборната кампања Бошко Буха со спортски жаргон кажано “почна да игра со ниски удари“, каде ветуваше брда и долини особено на албанскиот политички кампус во нашата земја само и само да дојде на премиерското столче.

Имено, во Берн, Република Швајцарија, пред тамошниот аудиториум ветуваше дека Македонија може да стане еден вид кантона и со тек на време истата да се федерализира. Со тоа, Бошко Буха го стави на маса прашањето за унитарниот карактер на Република Македонија.

Последниот изборен собир Бошко Буха го одржа во Арачиново. Резултат на последните изборни соочувања е преку 70.000 албански гласови поминаа на контото на СДС(М) Но, и тоа не му успеа на Бошко Буха да добие повеќе пратенички мандати од тогашното актуелно раководство на чело со ВМРО ДПМНЕ. Резултатот е јасен 51 пратенички мандат за ВМРО ДПМВЕ и 49 за СДСМ пратенички мандати за нарцисоидната и болна личност за власт Зоран Заев, алијас Бошко Буха. Со спортски жаргон кажано му требаше на Зоки во последните моменти од мечот да постигне една “Тројка” или на српско и хрватски јазик кажано “една трица”, и со тоа да го победи Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Рекапитулација на последните две вонредни парламентарни изборни соочувања.

Неисполнување на дадената обврска на Бошко Буха да си поднесе оставка ако неговата партија загуби на изборните соочувања.

Во оваа прилика само да се потсетиме на “подалечните закани на Бошко Буха дека ако се дојде на власт “живи луѓе ќе јадеме”.

Со обезбедуваљето на тенкото парламентарно мнозинство Зоран Заев, алијас Бошко Буха треба да ги исполни албанските апетити со прифаќањето на албанската платформа.

Во прилог на ова мое писмо да ги наброиме и другите последни ветувања на мандатарот Зоран Заев:

-Укинување на партиципација за сите пациенти

-Укинување на екстерното тестирање

-Укинување на Радио дифузната такса и

-воведување на евтина тарифа на електричната енергија

За да ја оствари својата цел како мандатар Зоран Заев, алидас Бошко Буха тоеба Да ги направи следниве испитувања:

-Зоки треба да одиш кај Д-р Миле Ристески – Директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија каде треба да примиш хемо и радио терапија со цел да се уништат твоите велепредавнички ткива,

 -Треба да одиш кај Проф.Д-р Чибушев на Токсикологија за да ти го освењжат организмот од опијанетите кукавички клетки во истиот и на крајот

-да одиш кај Д-р Аспазија Софијанова на клиниката за детски болести за да примиш мајчино млеко кое е добиено од мајка која се вика Република Македонија

-Да се оди кад Професорите Д-р Сашко Кедев и Д-р Сашко Јовев на Државната клиника за кардиохирургија каде со помош на “коронографија” да се види дали твоето срце чука за унитарна Македонија од една или за федерализација и бинационална држава од друга страна.

-Да се оди кај Проф.Д-р Угриновски во Аџибадем Систина за да се види дали имаш мозок за она што го зборуваш и заговараш во последно време и

-Да ти се направи ДНК анализа и со тоа да се констатира дали си државјанин на Република Македонија.

На крајот од овие лекарски испитувања лицето З.З. Треба да оди во ШР кај неговиот потенцијален министер за внатрешни работи, ген-секот во партијата на плавите момчиња Оливер Спасовски и да седне на детектор за лаги и да видиме дали истото лице некогаш при своите давни настапи ја кажува ви стината.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top