Коментари

Солунскиот „Чауш манастир“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот Влатадон е православен манастир на Цариградската патријаршија, кој се наоѓа во близина на старите градски зидини во македонскиот град Солун. Средновековната црква е единствено преживеана зграда од истоимениот манастир, кој егзистирал во византискиот и отоманскиот период. Денес манастирот е ставропигиален, а од 1988 година под заштита на УНЕСКО, како дел од ранохристијанските и везнтиски споменици во Солун.

Црквата е расположена во Горниот град, на стрмен терен. Манастирот е основан во средината на XIV век. Манастирската црква е градена во периодот од 1351 до 1354 година. Ктитори биле браќата монаси Доротеј и Марко Влатис, ученици и следбеници на Григориј Палама. Значајна поддршка за изградба на храмот дала царицата Ана Савојска, која се доселила во Солун после смртта на нејзиниот маж, Андроник III Палеолог. Внатрешноста на црквата е украсена со фрески во периодот од 1360 – 1380 година. Манастирот е посветен на Христос Седржител и денес празник на црквата е Преображение Господово на 6 август.

Во византискиот период, а особено во времето на Палеолозите (1261-1453 г.), во Солун имало многу манастири. Единствениот кој ги преживеал уништувањата бил манастирот Влатадон.  По првото освојување на Солун од Османлиите во 1387 година, манастирот е претворен во џамија. Сепак во 1430 година е востановен како христијански храм и во 1446 година со султански ферман на манастирот се дадени специјални привилегии.

Низ вековите биле направени многу реконструкции и дополнувања. Реставрацијата во 1983 година покажа дека манастирот бил изграден на местото на постара црква, Според датумот на откриените фрески во внатрешноста се од XI -ти век. Инаку, за време на Отоманската окупација на Солун, манастирот бил наречен Чауш манастир.

Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Георги Трајчев меѓудругото ни ја открива и легендата како овој манастир на етничко-географската територијата на Македонија го добил името Чауш манастир. Во триесеттите години на минатиот век, тој за Чауш манастир – Св. Богородица ќе забележи:  

„Во житието на Св. Сава се спомнува славјанскиот манастир Филаколи околу Солун. Од дваесетина манастири, кои тука суштествувале до доаѓањето на Турците, се зачувал само еден, наречен некогаш „Властеон“, а сега „Чауш манастир“. Од другите манастири не останал дури ниту спомен, говори Григорович, кој бил тука во 1845 година.  

Во североисточниот дел на градот Солун, таму каде што презема угорницата и свршува каменестата тераса, стои стариот манастир Чауш. Тој се наоѓа во највисокиот дел на градот. Тој манастир го добил своето … „Чауш“ на следниот начин. Турскиот полководец Амурад го држел во опсада градот и не можејки да го завладее. Калуѓерите кои живееле во манастирот пратиле писмо до султанот во кое му објасниле дека ако го прекине водоводот кој го снабдувал градот со вода од Ортачките извори, жителите сами ќе се предадат. За да им се заблагодари за укажаната услуга, султанот ги зел под своја заштита калуѓерите – предавници и поставил свој чиновник (чауш во манастирот). Од тогаш манастирот Влатејски  почнал да се вика „Чауш“ манастир (Арх. Антонин. ibid). Иако местото се нарекува манастир, кај него немало никакво манастирско братство. Исто така не се забележуваат никакви стари манастирски згради. Сите градби се нови. Црквата, сепак, е стара, многу мала, едвај собира 10-на души верници. Таа е во византиски стил. При неа има игумен. Изградена е од Јован Кантакузин во XIV век, според месното предание. Иконите се од подоцнежно време. Една икона е само реткост. Некогаш во иконата имало по средината … лик на Богородица сметана за чудотворна. Сега место тој лик се наоѓа друг на Исус.   

Таа икона била од XV век вели Н. П: Кондаков (Македонија 1909, стр. 145). Друга забележителна реткост во манастирот е големата емајлирана икона на мермерна плоча, со апостолите Јаков, Филип и Лука (П.Н. Милјуков, ibid. Стр. 9), а од XII и XIII век, Кондаков ја видел и светата чаша од „тајната вечера“, на Исус Христос со учениците. Чашата била сребрена, во која биле сместени делови од тиква, кои биле служени при „тајната вечера“ – наместо чаша и внесени не порано од XVIII век, вели Кондаков (Македонија и др.). Распитан игуменот од арх. Антонин (1865 г. 17 мај), рекол дека тој манастир се слави најмногу од по својата светиња –светата чаша. Се претпоставува, вели арх. Антонин, дека при тајната вечера, Христос употребил за чаша одрезок од источна тиква, чија  форма е шуплива. Манастирот треба да поседува дел од таа чаша и оставена во сребрена таква. Манастирот суштествувал во X век. Тој е под ведомство на Иверскиот манастир во Атон. Црквата е св. Богородица Лагудини. 

Гледтката од тој манастир е прекрасна. Во подножјето лежи Солун, заплискан од водите на Бело Море, а на досег, во хоризонтот, се белее Олимп, седиштето на нејогашните грчки божества.“

Во внатрешноста на црквата има задржани вредни фрески од 1360 – 1380 година, чиј стил се одликува со свеченост, резервирана емоции и елегантни движења. Во храмот се чуваат многу икони од XII до XIX век, мошти и голема збирка ракописи и документи, вклучувајќи царски хрисовули, патријаршиски сигилии и отомански фармани.

Интересно е да се напомене дека околу „Чауш манастир“ кон крајот на XIX и почетокот на XX век жвееле Дебарчани. Царевна Миладинова која учествува во основањето на Солунската женска гимназија „Свето Благовештение“ и е директор во учебната 1883/1884 и заменик директор и учителка по литература од 1884 до 1888 година ќе го забележи следното: “… од највисоките брда, од” Чауш манастир “, тогаш нарекуван од самите деца” Дебарско маало “, во која околу една стара, речиси подземна црквичка, живееја многу десетици добри дебарски семејства. Најстарите луѓе не знаеја кога точно се преселиле во Солун – било пред еден век или повеќе. ” – Царев Миладинов

Манастирската црква беше тешко оштетена во земјотресот во 1978 година, а потоа повторно изградена. Најстарите делови се: капелата на Светите апостоли Петар и Павле, куполата и внатрешниот јужен ѕид на храмот. Од 1988 година овој манастир се наоѓа под заштита на УНЕСКО, како дел од ранохристијанските и везнтиски споменици во Солун.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top