Коментари

Крстоарски манастир „Св. Христофор“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Крстоарскиот манастир посветен на маченикот Св. Христофор е православен манастир на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ()МПЦ-ОА). Манастирот се наоѓа 1 км југозападно над селото Крстоар и околу 6 км. од Битола. Оваа локација, според кажувањата на старите битолчани била едно од омилените излетнички места со трдиција уште од 19 век. За потеклото на тој манастир малку се знае, но, со Буковскиот манастир секако бил славјански, за што според Трајчев, сведочи една стара ракописна книга „Сборникъ похвалънихъ словъ или Метафрасъ“ од XVI век.

На мермерната плоча над северниот влез е испишана кратката историја на црквата. Црквата во манастирот е подигната во XIX век (1837 г.), а обновена е во 1926 година. Таа голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток. Постојат три влеза – два кон наосот од западната и северната страна, а дирекно во олтарниот простор може  да се комуницира низ посебната врата на југоисточната страна.

Над западниот влез, вниманието го привлекува насликаната претстава на св. Христофор. Тој е насликан во медаљон, претставен во цел раст. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје а со левата го придржува маченичкиот крст. Во долниот дел е испишана годината 1926, како време на сликањето на оваа претстава.

Во внатрешноста на храмот нема сочувано ѕидно сликарство од времето на изградбата на црквата во XIX век. Она што денес може да се види во апсидата на црквата и на темето од сводот, е насликано во времето на нејзината обнова. Иконостасот во црквата, со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и северниот дел, исто така е направен во третата декада на XX век. Од XIX век, како сведоштво на уметноста од тој период, се сочувани само неколкуте празнични икони.

Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) за Крстоарскиот манастирот „Св. Христофор“ кој го датира многу порано, ќе забележи:

„Крстоарскиот манастир е час и половна одалечен од Битола по јужната насока, во полите на Пелистер. Крај него се наоѓа стара дабова шума. Тоа е едно прекрасно сенчесто и свежо место, со чешма од која постојано тече студена кристална вода која се собира во недрата на Пелистер. Манастирот не преставува нешто особено. Тоа е една мала селска црква, изградена во 1806 година, која во постаро време служеше за храм на селата Крстоар и Буково.

Околу црквичката има неколку дасчени и разнебитени одаи, каде летуваат болни граѓани за промена на воздухот. Селскиот свештеник ја опслужува црквата. Повеќе прекасното сенчево место, со студената вода, дава значење на овој манастир, отколку неговата светост. Доколку ги нема тие убавини, името на манастирот би замрело.

Без оглед на се, во не така далечното минато, тој манастир стана познат по борбата заради неговото владение меѓу селаните и грчкиот владика. 

Селото Крстоар, чисто (македонско – н.з), со 50 куќи го признаваше ведомството (власта – н.з.) на егзархијата; манастирската црква беше храмот кој служеше за богомолство на селаните. Со селото и црквата требаше да мине под егзархиска управа. Токму тоа го оспоруваше грчкиот владика, имајќи барање дека тој ја осветил. Значи, според таа логика, црквата му припаѓа на владиката бидејќи ја осветил, а не на населението кое ја изградило? Властите секогаш ја држеа страната на грчкиот владика. И селаните беа принудени, по долгите процеси да си изградат нова црква за да потоа да се запусти манастирот.

За потеклото на тој манастир ништо не се знае. Но, со Буковскиот манастир секако бил славјански, за што сведочи една стара ракописна книга „Сборникъ похвалънихъ словъ или Метафрасъ“ од XVI век (Арх. Антонинъ, ibid. 364).“

Во Крстоарскиот манастир „Св. Христофор“, кој бил и сеуште е посакувана дестинација за излет во близина на Битола, за време на Првата светска војна била сместена војската на Антатата за што сведочат повеќе фотографии.

krstoarski-manastir

krstoarski-manastir2

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top