Коментари

Стопанството високо котира во Градот под Марковите кули


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во последно време во Градот под Марковите кули стопанството оди во нагорна линија а следствено на тоа од ден на ден се намалува невработеноста кај прилепчани.

Благодарение на ревносниот Градокачалник Марјан Ристески кој го одработува својот трет едно по друго градоначалнички мандат Јавните комунални претпритатила кои се под капата на Локалната самоуправа постигнуваат солидни резултати.

ЈКПВиКизвршува градежни зафати во рехабилитација и замена на атмосферската и канализационата мрежа. Претприатието има нов возен парк, радиско чирање на водомерите, а вработените се сместени во нова Управна зграда каде се наоѓаат сите служби на фирмата. Со средства на министерството за животна средина и просторно планирање и ИПА фондови се гради нова современа Пречистителна станица.

ЈКП Комуналец иако, е во незавидно финансиска состојба изгради нов современ Царински Термпнал, исто така, во функција ја пушти и Градската капела. Со надчовечки напори менаџерскиот тим на ЈКП Комуналец го возобнови возниот парк за подигнување на сметот и полевање на вода на централните улици во градот. Во фаза на изградба е фабрика за рециклиран отпад.

ЈКП ”Пазари” изврши целосно покривање на далеку прочуениот Градски пазар, а на местото на некогашниот млечен пазар за брзо време ќе се изгради нов деловен објект.

ЈП ПУП ги асфалтира сите улици и се грижи за хортикултурното и партерното уредување во секоја Урбана заедница во градот. По долги години чекање се воведе Јавен Градски превоз а во летните месеци е атрактивен возот кој најмногу го сакаат најмладата прилепска популација.

Во овој временски период од годината основна егзистенција за живот на обичниот прилепчанец е обработката и сортирањето на тутунот т.н. жолто злато.

Со влегувањето на реномираниот тутунски бренд од светски рамки Филип Морис во прилепсккот Тутунски Комбинат почна истиот да работи рентабидно, од една и да стекне доверба и реноме кај своите кооперанти од друга страна. Главниот двигател на позитивната прилепска економија се фирмите од калибарот на Витаминка и Прилепската пиварница. Првата со своите производи високо котира на домашниот пазар и освојува и пазари на меѓународен план каде рамо до рамо се носи со странските брендови од нејзината бранша.

Во овие летни горештини прилепската пиварница со своите добро познати производи како безалкохолни и алконолни пијалоци успешно се носи со конкуренцпијата. Со влезот на свеж капитал на прилепскиот бизнисмен Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Жито Прилеп застана на здрави нозе.

Со влез на Грчки капитал на далеку прочуениот и признат по квалитет и обработка прилепски мермер значајно придонесува во привлекување на свежи финансиски средства кои наменски се користат во Градот под Марковите кули.

Во преработувачката индустрија на месо и месни производи високо котира на домашниот и странсккот пазар ПП Марфил, додека за дегустација на кафето води грижа реномнраната фирма Елите кафе.

Од текстилната индустрија високо котира грчката компанија Васидора, Комфи Ангел, ПП Кули, Најс текстил и други помали компании кои го задржуваат приматот од минатото кога во Прилеп опстојуваа голем број на текстилни фабрики.

Од печатарската индустрија високо котира Печатницата 11 Октомври и Печатницата со приватен капитал Печатница Аце Тони. Добро опстојуваат и компаниите Леов Компани и дел од некогашниот гигант Микрон. Еден од загубарите кој е под капата на државата Еурокомпозит успешно котира на домашниот и странскиот пазар. Солидни резултати во своето работење постигнуваат и фирмите Сугурносно стакло, Донија, Трио и Футура.

Од дрвната индустрија солиден асортиман и квалитет има компанијата Де-Ни Мебел. Во оваа бранша добро котираат Анита и Венеција.

Во Прилен добро функционираат хотелските комплекси: Кркстал Палас, Македонско Сонце, Дион, Салида, Бреза и Атлас.

Во ТИРЗ во близина на Алинци работи американската компанија Гентерм која се занимава со производство на автомобилски делови. Сите 17 локации се откупени во Индустриската зона Прилеп 1 и за брзо време се очекува издигнување на нови делобни објекти и следствено на тоа нови работни места.

Исто така се оспособуваат и Индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 .

На прилепскиот пазар солидно котира и фабриката за сточна храна Ангроинвест.

На крајот со еден збор кажано прилепското стопанство оди од ден на ден во нагорна линија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top