
Александар Џеповски
Дали има место во историјата на било која земја за политичките проститутки? Да ми извинете сите на речникот ама политички проститутки се сите оние кои се вртат секому за пари и си ја продаваат земјата своја и иднината на своите деца и внуци.
Зошто Ченто, Рацин и илјадници како нив се запишани со златни букви во Македонската историја?
Секогаш беа со народот, јадеа од исти казани и последни добиваа оброк, со наредба ако остане нешто за нив. Затоа беа обожавани од сите генерации и после нивната смрт. Тие умреа за Македонија од истите оние што и денес ја нападнаа Македонија преку домашните изроди и предавници. Иста приказна и денес, никаква случајност.
Како може некој да се спореди со нив како на пример Колишевски, Мојсов, Глигоров и други изроди и кодоши жедни за власт кои седнуваа во скут кај душманите и го убиваа Македонскиот народ?
Некој не ја научил лекцијата за вистината. Таа вистина е ова. НЕ СЕ СИТЕ ВМРОВЦИ ПЕРФЕКТНИ И НЕ СЕ СИТЕ КОМУНИСТИ БЕД БОЈС. Секогаш мерилото било и ќе биде кој колку ја сака Македонија и колку маки, понижувања и тортури ќе издржат за Македонија?
Ете Исус што ти не издржа за да докаже дека е Божји син и тоа без подршка од Амбасадори, Елитата на Сорос, 8 милиони од Глобус и евро за Вицето? Ало Наум, Тимотеј, Пимен … се разбравме ли сега?
Да заклучиме дека на лесна нога со мучки и мизерни трикови на рачун на Македонија никој не стигнал до врвот, туку во провалија. Заев може да земе пари колку му душа сака, ама тапијата изрод, кодош и Јуда не може никој да му одземе.
Политичка проститутка е лесно да станеш подржан од полтрони за некој грош,ама човек пред се па после се друго па се така до титула чесен и примерен Македонец е предизвик вечен и нема цена. Затоа ние веруваме во Македонија и Господ е секогаш со Нас. Поубаво од тоа нема и нека се мачат
Исусовски нашите души и гревот што сме само добри Македонци, но никогаш нема да помислиме или бидеме политички проститутки. Реформатори, се разбравме ли сега или ви треба хармоникашот, сестрата и татарот да ги склопиме во вашиот мозаик платен од центрите? Од мене толку а од Бога никогаш доста.