Коментари

Македонија лулката на славјанската култура и просвета

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во своите етнички и географски граници, Македонија со многубројните зачувани манастири (155) и оние во урнатини (90), вкупно 245, како што ќе забележи Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), преставува за целото славјанство свето место. Ова земја е „Македонска Палистина“, „Македонски Ерусалим“ за целото славјанство.

Македонија е света земја која истородните и истоверните соседи Србија, Бугарија и Грција ја поделиле меѓу себе во 1913 година, притоа присвојувајќи и прикажувајќи ја нејзината историја како своја. Истите соседи денес, повторно се обидуваат да му го оспорат правото на името, идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ, кој на еден дел од македонската земја создаде своја држава во 1944 година.

Неодамна во Солун се одржа трилатерална средба на Грција, Бугарија и Србија, без присуство на Македонија што го дополнува сомнежот на искреноста на соседите кон Македонија. Сепак, и покрај желбите на соседите не едноставно, ниту можно да се избрише земјата и македонскиот народ кој е зпишан во Библијата.

Едноставно, Македонија не е само земја на природни убавини, на многубројни езера, туку и земја на манастири, светци, царски и кнежевски гробници. Во преспанското историско село Герман се остатоците на семејниот род на македонскиот цар Самуил (татко му Никола, мајката Рипсимија, брат му Давид), а во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров кој се наоѓа во денешна Грција се претпоставува дека се наоѓаат гробовите на Самуил, неговиот син Гаврил Радомир, Јован Владислав и зет му Јован Владимир.

Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Негоричане е погребан бугарскиот цар Михаил Асен III, а се верува дека во Марковиот манастир се наоѓа гробот на Марко Крале. Исто така, низ македонските манастири почиваат преставници на српските но и византиските власти кои во минатото ја владееле земјата. Но, тоа никому не му дава за право да ја присвојува македонската историја, македонската земја и да го оспорува македонскиот идентитет.

Имено, Македонија преставува ризница за најстарите македонски писмени паметници (Зографскиот натпис од 980 година, Самуиловиот натпис од 993 година, Варошкиот натпис од 996 година (епиграфски споменик втор по старост словенски натпис на кирилично писмо), Битолскиот триод од XII век (кирилски текст каде се вметнувани цели изрази со глаголско писмо), Цветниот триод од XII век, со кирилица и глаголица), како и складиште на царски грамоти од кои 7 се наоѓаат во Македонија.

Македонија со многубројните зачувани манастири (155) и оние во урнатини (90), вкупно 245, преставува свето место како за македонскиот народ, така и за целото славјанство. Оваа земја е „Македонска Палестина“.

„И навистина, која друга земја на Балканот, со површина од 63.000 кв. км. и со население од 2 милиони брои толку манастири колку Македонија?

Бугарија, Србија, Грција, Турција, иако поголеми и по површина и по население, не можат да се мерат со неа по бројот на манастирите! Македонија држи рекорд по тој однос.

И.В. Григорович признава дека бројот на разни натписи, споменици и ракописи е најголем во Македонија, помалку во Тракија, а најмалку во Бугарија.“ – ќе забележи Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Ако се има во предвид, дека Македонија му ги дала на Славјаните најпопуларните и најзаслужните национални светители: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Гаврил Лесновски, Св. Прохор Пчински, Св. Иларион Мегленски, Св Јован Рилски (и тој е од македонско село Скрино, по десниот брег на реката Струма, граница меѓу географска Македонија и Бугарија), со право може да се тврди дека таа била лулка на славјанската култура и просвета уште од првите дни на христијанска Македонија па до последно време, и уште посилен центар за национална и политичка свест.

Тогаш, може ли земјата, која родила такви синови светители, земјата која била центар на славјанската култура и просвета, земјата, која има таква заслуги кон балканската и воопшто кон славјанската култура, може ли вечно да остане во робство на соседите? Може ли да се прогонува од славјани и истоверци, народ што ним и на целото славјанство им дал јазик, вера и книга?

Не, Македонија лулката на славјанската култура и просвета, таа светиња за македонскиот народ, тој „Македонски Ерусалим“, не може да биде задушена и изгубена. Таа нема да умре. Таа е жива и не е далеку часот кога Македонците ќе добиат можност да ги пројават и развијат наполно своите дарби и уште повеќе да го внесат својот дел во ризницата на светската култура.      

Мисијата на македонските манастири не е свршена. Иако насилно биле отргнати од своите корени од христијански поробители, манастирите и во иднина ќе имаат свој заслужен дел во долгоочекуваниот ден на слободата на целиот македонски народ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top