Коментари

Македонија слави 114 години од Илинден и 73 години од АСНОМ

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Пред 114 години, на 2 август 1903  година пламна големото македонско востание во историјата познато како Илинденско востание. Тоа востание е една славна епопеја на револуционерната борба на македонскиот народ, на неговиот незадржив стремеж за слобода и независност, за сопствена македонска држава. Овој стремеж ќе се оствари на вториот Илинден, на 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Отец Прохор Пчински, каде пред 73 години на Првото заседание на АСНОМ беше возобновена македонската држава, за потоа целосно се осамостои на 8 септември 1991 година – ден познат како трет Илинден.

Македонскиот пат од секогаш бил трновит, исполнет со борби за создавање на независна и суверена македонска држава. На тој пат останаа безброј знајни и незнајни македонски синови кои својот живот го положија за слобода на Македонија.

Македонскиот народ во минатото долго време беше подложен на неиздржливо политичко угнетување, спроведено од корумпирана османлиска администрација, која не се раководеше од никаков закон, од никакви правила и морал. Тоа страшно угнетување се засилуваше уште повеќе од невидените зулуми и грабежи на секакви башибозуци и други разбојнички банди, често пати заштитувани и поттикнувани од самата османлиска власт.

Потикнат од неправдите, во 1893 година во Солун беа положени темелите на Македонската револуционерна организација. Тоа беше еден настан од огромно значење за ослободителната борба на македонскиот народ. Наместо стихиско бунтување, наместо револуционерни пројави на одделни храбри луѓе, незадоволството на македонскиот народ сега се канализираше и плански се управуваше од една организација, на чело со единствено централно раководство. Освен тоа, на македонската ослободителна борба и беше дадена јасна политичка цел и тоа беше автономијата на Македонија или како што малку подоцна ја определи Гоце Делчев: „Политичка автономија на Македонија со широки права за сите нации, религии и јазици”.

На чело на Македонската револуционерна организација застанаа најпреданите синови на македонскиот народ, кои се оформија во револуционери и водачи од голем размер. Тоа беше големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев – душата и срцето на Внатрешната организација. Потоа тука беа видните организатори Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански и непомирливиот непријател на сите странски агенти и влијанија Ѓорче Петров, како и многу други. Сите тие беа дејци со оформени прогресивни погледи.

До Илинденското востание, Македонската револуционерна организација успеа да создаде во сите градови и речиси во сите села на Македонија густа револуционерна мрежа од револуционерни групи со свои месни, околиски и окружни раководства. Целото машко население што беше способно да носи оружје, требаше да биде зачленето во една или друга форма кон тие револуционерни групи и организации. Беа формирани десетици чети, што се движеа од село во село, од град во град и играа улога на агитатори и организатори на ослободителното дело.

Од своето создавање, Организацијата имаше огромен авторитет кај македонското население. Таа разгледуваше секакви спорови, делеше правда, се грижеше за живеачката и образованието. Таа беше станата држава во држава. Таа беше најголемата потпора и верна заштитничка на обесправената македонска раја.

Меѓутоа, владеачките кругови во соседните балкански држави водеа завојувачка политика по однос на Македонија. Токму поради својата политика тие создаваа свои агентури и преку нив се обидуваа да му нанесат удари на македонското ослободително движење. Македонската револуционерна организација беше принудена да води решителна борба против испраќаните во Македонија агенти и чети од страна на  соседите, чиишто активности беа насочени за да ги оправдаат нивните аспирации кон Македонија.

Истовремено, големите империјалистички сили го користеа македонското прашање како голем дипломатски адут, за да вршат притисок врз Високата порта (владата на султанот) и да извлечат привилегии и концесии за своите капитали во Турција. Тие се служеа со него и како со мамка за балканските династии и влади, ветувајќи ја Македонија де на една де на друга балканска држава и со таа своја игра создаваа раздори, го разединуваа Балканот и го држеа под свое влијание и потчинетост.

Во една ваква меѓународна и балканска ситуација се разви Илинденското востание. Некои од големите македонски водачи, како Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други, ја сфаќаа неповолната надворешна и внатрешна ситуација и затоа направија големи усилби да се одложи востанието. Меѓутоа, востанието се наложи и тогаш сите поголеми и мали раководители застанаа на своите места.

Востанието го опфати Битолскиот вилает со шест околии. Најдолго и најупорно востаниците се задржаа во Костурско. Револуционерната активност, меѓутоа, се засили во цела Македонија. Судирите на четите со османлиските вооружени сили многу зачестија. Востанието во Македонија беше придружено малку подоцна (18 -19 август) и од вооруженото востание во Одринско, познато како Преображенско востание.

Невидениот револуционерен ентузијазам и патриотизам со кој беа опфатени и градовите и селата, и старите и младите, со објавувањето на востанието ни оддалеку не одговараше на материјалната, воената и техничката сила на востаниците. Немаше доволно оружје, куршуми и друга муниција, а востаниците меѓу кои и доброволци од други земји (Бугари, Срби, Црногорци, Чеси и др), не беа повеќе од 30 илјади души.

Против огромната османлиска армија, како и пред политиката на балкански земји и големите сили, македонските востанички сили не можеа долго да издражат. По неколку месечни борби, востанието беше задушено. Осветата на османлиските сили беше страшна. Прогром врз македонското население предизвика голем број бегалци, од кој голем дел се засолнија во Бугарија.

Иако, братските народи му даде целосна поддршка на македонскиот народ, нивните влади имаа друга цел – поделба на Македонија која ја остварија во 1913 година.

Сепак тоа не беше крај на борбата на инаку мирољубивиот македонски народ, кој на никого не му посакуваше зло. Раководени од идеалите на Илинден, македонскиот народ пролеа многу скапецена крв во периодот меѓу двете Светски војни, за да го оствари своето право на слобода, самоопределување и сопствена држава – Македонија на Македонците.

На 2 август 1944 година на првото заседание на АСНОМ, македонскиот народ ја возобнови  македонската држава, Македонска народна република во рамките на ФНР Југославија.

Македонскиот народ и покрај заедничкиот живот во рамките на југословенската федерација, не остапи ниту еден чекор од принципот на правото за самоопределување, од правото на Македонците сами, по сопствена волја да си ја определуваат својата судбина. На 8 септември 1991 година, на третиот Илинден со референдум го остварија тоа право, создавајќи сомостајна и независна македонска држава.

Меѓутоа, иако оспорувана од самиот почеток на својата самостојност, Македонија секогаш држејќи се до принципите на својот апостол на раволуционерната борба Гоце Делчев, ја продолжи својата борба за место под сонцето. Македонија стана држава во која равноправноста е загарантирана за секого, а пријателски настроениот македонскиот народ продолжи светот да го разбира единствено како поле на културен натпревар на народите.

Нека ни е честит и вековит Илинден, Денот на Републиката – 2 август, симболот на македонскиот непокор и државност!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top