Коментари

„Македонски студии“ на Ватрослав Облак

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Ватрослав Игнациј Облак (15. V 1864 – 15. IV 1896) е виден словенечки и австриски славист од ΧΙΧ век. Во родното место учел гимназија, матурирал во Загреб, а студирал во Виена споредбена и славјанска филологија (1886–1891). Има објавено повеќе работи, но најзначајни се “Македонските студии“ (Macedonische Studien: die slavischen Dialecte des südlichen und nordwestlichen Macedoniens) што се појавија посмртно (1896). Иако тешко се снаоѓал во пропагандите од соседните земји, сепак во книгата се среќаваат и согледувања што индиректно упатуваат на сфаќањето за посебноста на македонскиот јазик.

Облак бил заинтригиран од тезата за македонското потекло на старославјанскиот јазик и по препорака на хрватскиот славист Ватрослав Јагич во есента 1891 година заминал да ги проучува македонските дијалекти во најјужната точка на славјанскиот свет – Солун. Освен од Солунско, тој (од номади – сточари) запишал материјал и од Дебарско. Со своето истражување тој успеал да ја сруши т.н. панонска теорија, според која Кирило-Методиевиот јазик е тој на панонските славјани и ја потврдил македонската теорија.

Интересот на европската славистика кон солунскиот дијалект се јавува уште во текот на 1863 година по објавувањето на познатата дописка од солунското село Висока во цариградскиот весник “Съветник”, во која има многу примери за сочуван назализам, а потоа се засилил со поновите публикации на Кузман Шапкарев, Петар Драганов и др.

По доаѓањето во Солун, Облак спровел теренски истражувања и меѓу меснотото население собира автентични јазични материјали за да може емпириски да ја потврди теоријата на Јагич за потеклото на Кирило-Методиевиот јазик. Набљудувањата му биле насочени на солунскиот говор – село Суво, соседно на Висока (од неписмен чирак) – и на дебарскиот говор – селата Галичник (од овчар во Солунско), Клене (од десетгодишник кој пристигнал во Солун првокласник) и Обоки.

Во почетокот на март 1892 година Облак започнува своето прво патување на север од градот и ги истражува говорите во селата Ново Село, Градобор, Бугариово, Ватилак и Вардаровци. Таму тој ги испрашува возрасните жени кои не ги напуштале своите родни места. Меѓутоа, на петтиот ден од истражувањето, Облак бил уапсен во Вардаровци од османлиските власти под обвинение дека се занимава со подготовка на востание. По интервенција на австро-унгарскиот конзул во Солун, Облак е ослободен, но е принуден веднаш да ја напушти империјата.

Во своите писма Облак за овој настан ќе забележи дека „ако некој е заинтересиран за грчкиот или влашкиот дијалект во Македонија, тој успева, но тешко е за лице заинтересирано за (славјанскиот – н.з) дијалект. Врз немирното славјанско население внимателно се гледало. Интензивните врски со (славјанските – н.з) селани, професори и свештеници веднаш предизвикуваат голема недоверба и ги доведуваат јазичните научни патувања до непосакуван завршеток.“

Сепак при патувањето во Македонија Облак ги открива сите карактеристични фонетски црти на Старославјанскиот јазик во наречието источно од Солун, кое се говори во село Суха. Облак повторно го поставува прашањето за татковината на славјанскиот литературен јазик, која според него е Македонија.

Во 1894 година, неможејќи да се снајде во пропагандите на соседните земји, Облак издава во “Сборник за народни умотворения, наука и книжевност” труд “Придонес кон бугарската граматика”. Меѓутоа целиот труд е главно врз основа не на источните, тука на македонските дијалекти, кои се наречени од Облак “бугарски македонски говори”. Во него Облак исто така, забележува дека по зачуваниот ринизам зборувате во јужна Македонија се наоѓаат во непосредна близина со татковината на Старославјанскиот јазик.

Во 1896 година, по смртта на Облак, Јагич ги редактира и публикува Облаковите “Macedonische Studien” (Македонски истражувања), на кои им додаде и единаесет исклучително интересни писма кои Облак му ги пишува од Солун. Во книгата Облак на категоричен начин ја побива Панонската теорија за природата на Старославјанскиот јазик и го докажува вистинското потекло на македонскиот јазик. Аргументите на Облак за земјата на кирилско-методолошкиот јазик се прифаќаат како финални и тоа преставува “најзначајното откритие во славистика во ΧΙΧ век”.

Иако Облак точно ја лоцира татковината на старославјанскиот јазик тој тешко се снаоѓа во пропагандите на соседните народи насочени кон Македонија, па оттука тој му препушта на македонскиот народ самиот да се изјасни.

Во своите писма издадени во „Macedonische Studien“, каде Облак се осврнува на прашањето за јазичната припадност на македонското говорење, наведувајќи притоа дека ова не е проблем на лингвистиката, тој ќе напише: „Славјанските дијалекти на Македонија се од особен интерес за славјанската филологија од повеќе причини. Особено, тие се одлучувачки по прашањето за татковината на старославјанскиот. Конечната одлука на Старославјанското прашање е невозможно без точно познавање на јужномакедонските дијалекти, особено на дијалектот кој се зборува во реонот на Солун. Во поново време интересот за македонските дијалекти е поврзан главно со нивниот став кон бугарската и српско-хрватската дијалектна група. Тоа е неодамнешно контроверзно прашање дали македонските Славјани припаѓаат на Бугарите или Србите. Од филологична гледна точка прашањето треба да се постави вака: потврдува ли поголемиот дел од истакнатите специфики на различните македонски дијалекти нивната поблиска врска со бугарската или српско-хрватската дијалектен група? Дали жителите се чувствуваат како Бугари или Срби – тие можат да одлучат сами, тоа не е проблем на славјанската филологија.”

Оставајќи го ова прашање отворено, македонскиот народ уште тогаш се изјаснува и постојано категорично повторува до денес дека македонскиот народ не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци со свое исконско македонско име, историја, јазик и култура. 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top