Коментари

Општина со голем број на реализкрани проекти


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На регионалниот пат Прилеп – Крушево се наоѓа голема и мошне импресивна по локално економскиот развој Општина Кривогаштани која по своето 20 годишно опстојување на чело со ревносниот и пред се креативен Градоначалник Тони Заткоски постигнува зависни резултати во сите сфери од општественото живеење.

За време на Градоначалничкиот мандат (2013-2017 година), актуелниот градоначалник Тони Заткоски со започнатите и завршени проекти реално беше да побара од своите сограѓани уште еден Градоначалнички мандат.

Меѓу првите 5 номинирани потенцијални кандидати за Градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери се најде и името на Тони Заткоски.

Со финансиски средства обезбедени од ЕЛС Кривогаштани направена е промоција на општинското стопанство, каде општината врши редовна промоција на општинските производи преку проекти организирани од Локалната Акциона група АГРО ЛИДЕР со седиште во Општина Кривогаштани и промоции организирани од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Унапредување и промоција на производите на тутун и раноградинарски култури.

Проект за развој на претприемачките вештини каде со експерт од Холандија извршена е обука на регистрирани земјоделци кои се занимаваат во оваа општина со краварство и произдодство на млеко.

Во текот на тековнава година се очекува да биде изграден нов зелен пазар во Кривогаштани.

Со површина од 6.6 хектари во селото Славеј е изградена индустриска зона. Со истата се продадени сите парцели каде една година има започнато со работа каде врши преработка на земјоделски производи, а во завршна фаза е изградбата на фирма која ќе врши обработка и замрзнување на зеленчик.

Исто така, катадневно се врши континуирана поддршка на мали и средни претпријатија. Резултат на тоа е отворањето на пекара за леб и бели печива во самата општина Кривогаштани, а во населеното место Славеј е отворена фабрика за преработка на зеленчук.

Општина Кривогаштани на чело со ревносниот Градоначалник Тони Заткоски вложува многу во реконструкција и санација на училишните објекти во самата општина Кривогаштани и во населените места кои гравитираат кон оваа општина.

Изградено и повеќе наменско спортско игралиште во општина Кривогаштани каде со забрзано темпо се врши афирмација на спортоката култура и голема поддршна за возобновувањето на колективните и индивидуалните спортови.

Општина Кривогаштани во коорганизација со Федарацијата на велосипедизам на Македонија секоја година организира Државно првенство во ридско-планински велосипедизам на релација Кривогаштани – Крушево. Исто така, застапено е Светското првенство во змејарство и параглајдерство на истата релација (Кривогаштани – Крушево).

Се посветува големо виимание на културните друштва.

Големо внимание се посветува и на информативниот развој на општина Кривогаштани.

Изработени се Урбанистички и Детални урбанистички планови за општина Кривогаштани и нејзините населени места.

Градоначалникот Заткоски кој по вокација е инспектор сака секој проект за својата општина и населените места кои гравитираат кон општина Кривогаштани да бидат перфектно извршени во предвидениот рок.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top