Коментари

Државата на Самуил би било поправилно да се нарече Македонско царство!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Српскиот средновековен историчар д-р Божидар Прокич (11. IX 1859 – 6. V 1922), познат по своите трудови за цар Самуил и неговата земја, во својата докторска дисертација одбранета на почетокот на XX век, смета дека главната причина за формирањето на Самуиловата држава или како што вели Македонското царство, биле културните, етничките и религиозните разлики меѓу славјанското население во Бугарија и Македонија.

Инаку, Прокиќ е роден во семејството на свештеник. Завршил гимназија во Крагуевац, а во 1878 година се запишал на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет. По завршувањето на високото образование во 1885 година заминал за Париз, каде слушал предавања по историја во Сорбона. Во 1889 година бил назначен за учител, а од 1892 до 1905 година предавал на Катедрата за сревновековна историја на Универзитетот во Белград. Во 1905 година, незадоволен од местото што го добива при создавањето на Катедрата по Византинологија, го напуштил универзитетот и заминал за Минхен каде посетувал предавања по историја. На 9 март 1906 година, тој ја одбранил докторската дисертација на Лудвиг-Максимилијан-универзитет на тема “Die Zusätze in der Handrschrift des Johannes Skylitzes “(Додатоците во ракописот на Јоханес Скилица “).

Еден од најчесто цитираните дела на Прокиќ е токму неговата докторска дисертација од 1906 г. Во неа тој за прв пат го објавува и дискутира разликите меѓу виенскиот ракопис на хрониката на Јован Скилица (составен од деволскииот епископ Михаил) и други познати нејзини преписи. Ракописот во Виена содржи 66 дополнувања, од кои многу се однесуваат на времето на Самоил. Од нив се добиваат вредни информации како на пример на кој датум починал цар Самуил, името на Самуилова ќерка Мирослава, имињата на синовите на Иван Владислав Алисиан и Арон, и дека неговата ќерка Екатерина е жената на Исак I Комнин. Додатоците на митрополитот исто така потврдуваат дека таткото на Самоил бил наречен Никола.

Сфаќања на Прокиќ за државата на Самуил подоцна ќе станат предмет на дискусии меѓу историчарите. Особено бугарските историчари го спорат оној дел во кој Прокиќ вели:

• Државата на Самуил била наречена Бугарија спротивно на нејзиниот етнички карактер. Главниот град бил во охридските и преспанските региони, па затоа би било поправилно да се нарече Македонско царство.

• Бољарството во Бугарија се состои од наследници на славјанските кнезови и чисти Бугари со неславјански и нехристијански имиња.

• Откако Цимскиј ја превзел источната Бугарија во 971 година, во западниот дел на Балканскиот полуостров останале да суштествуваат македонските и српските кнежества

• Славјанските кнезови на Балканот имале традиција да управуваат заедно. Оваа традиција исчезнала кај Славјаните во источниот дел на Балканскиот Полуостров потпаднати под власта на деспотската монархија, но се задржала кај македонско-српските племиња. Во Македонија, колективното владеење постоело во X век. Четиривластието на Давид, Мојсеј, Арон и Самоил беше манифестација на овој државно-правен принцип.

• По 7 век Славјаните меѓу Стара Планина и Дунав се мешале со Бугарите – варварски народ и од друга раса. Западните славјански племиња во Тесалија, Македонија и низ српските земјиште пак биле под влијание на најкултурната тогаш европска држава Византија и почнале да ги губат етничките разлики, да се зближуваат едни со други и да се оддалечуваат од своите помалку културни соплеменици. Западните Славјани – Македонци и Срби – имале заеднички народни обичаи.

Во контекст на народните обичаи кај Македонците и Србите Прокиќ го вели следното: “Малку по малку почнаа да се создаваат меѓу оние западни Славјани заеднички религиско-народни обичаи, кои ги зајакнаа етничките врски меѓу нив. Еден од овие обичаи беше особено моќен фактор во етничката асимилација на западните Славјани. Тоа е обичајот на слава, за која го имаме сочуван најстариот пишан спомен токму кај македонските славјани. Овој обичај на слава, кој Бугарите никогаш не го имале, ниту сега го имаат, сочуван е до денес како силен аргумент за етнографските проблеми во Македонија “(Глас Српске Краљевске Академије 1908 г. кн. 76, стр. 229) .

Освен горенаведените, Прокиќ ни посочува и други примери за разликите кои постојат меѓу Источните и Западните славјански племиња:

• Меѓу Славјаните кои живееле меѓу Стара Планина и Дунав поради мешањето со необразована човечка раса, дошло не само до културни, но и до етнички промени. Овие Славјани почнаа да носат шалвари и да ги бричат главите. Така, западните и источните Славјани почнале да се отуѓуваат.

• Западно слоавјанските племиња ем не изгубиле ништо од својата, ем се приклучиле кон византиската култура и најмногу кон христијанството. Бугарите, и покрај тоа што се славјанизирале, ги задржале своите чудни и варварски обичаи. Цивилизираните Грци ги сметале Бугарите дури за одвратни што се забележува и од еден опис на Лиутпранд од 968. Овие полухристијанизирани Бугари не можеле да им се допаднат на македонските Славјани, на кои христијанството им била многу блиско.

• Користењето на поимот Бугарско царство била политички етикета, слична на етикетата Ромејската империја и не соодветствувала на етничкиот состав на Македонското царство. Самоил склучил договор со Роман: на Роман му било дадено правото да владее со Скопје, а во замена да му ја даде својата царска титула на Самуил. Самуил го презел Преслав по примерот на Отон I, кој држел Рим под контрола за да има право да се нарекува Кајзер на Светата Римска империја.
• Во Бугарското царство, доминантниот етнички елемент бил бугарскиот, а во Македонското царство – српскиот. Населението на Македонското царство вклучуваше Бугари само во периодот 986-1000, а во останатите 28 години таа се состоело само од македонско-српски и други западни славјански племиња. Македонското кралство, наместо да се нарече Славенија или Србија, било наречено Бугарија.

Во духот на овие перцепции, видливо е дека Прокиќ делумно подлегнува и работи во рамките на српската пропаганда, спротивставувајќи се на великобугарските идеи. Иако точно ја дефинира Самуиловата држава како Македонско царство и ги посочува културните, етничките и религиозните разлики меѓу Македонците и Бугарите во тој период, тој сепак се обидува да ги поистовети Македонците со Србите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top