
Тодор Петров
Твое лично право е, кој ќе ти биде пријател и кого ќе примиш дома. Комшијата не може да ти испорача негови гости, затоа што станот му е тесен, ниту гостите може да ги прима преку твојот стан или двор, без согласност твоја. Твое лично право е дали гостите на комшијата ќе му ги втераш на другиот до тебе, ако ни тој не сака да прима странци, па и со намера кај него да се вселат.
Ѕидовите и бравите не го решаваат твојот мир, ама ја гарантираат твојата слобода!
Исто е и со државата, таа е нашиот дом! Право на државата е да реши кого ќе прими и кој низ неа ќе пројде, ако ни тие кому ги упатуваме не сакаат да ги вдомат кај себе. Се разбира, за очекување е назад да ни ги вратат. Непоканетите гости не се твоја обврска! Тогаш обвинувањата за егоизам, несолидарност и нехуманост не важат, претставуваат само пародија гола! И не заборавај дека, гласноговорниците за хуманизам и солидарност не’ примаат никој кај себе дома!
Границите и ѕидовите, граничните премини, не го решаваат нашиот мир, ама ја гарантираат нашата слобода!
Твојот дом е твојата слобода, за него само ти решаваш!
Нашата држава е нашата слобода, за неа само ние решаваме!
Мојата комоција е мое право, тоа не е обврска за која друг може кога ќе посака и како што сака да решава.
Во државата само ние решаваме, освен ако власта не се распродала за туѓи и други интереси.
Мисли на Македонија како за свој дом! Тоа што не сакаш да ти се случи дома, не го префрлај како обврска на нашиот единствен дом – татковината Македонија!