Коментари

Ветувања извадени од нафталин

rubin jovanoski

rubin jovanoski
Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски

Аболицираниот лидер, а воедно и Премиер на Република Македонија, Зоран Заев алијас Бошко Буха со својот изборен караван оди од град во град и ветува брда и долини кои не можат да се остварат во секојдневниот живот.

Најголема од серијалот на лаги на лицето 3.3. е ветувањето пред Кавадарчани дека ќе даде плус 2 денари за 1 кг. предадено грозје.

Во оваа прилчка да го потсетиме лицето З.З. дека пред самиот старт на изборната кампања лично тој на еден електронски медиум каде беше гостин нагласи дека субвенции нема да добие оној земјоделец кој нема да произведе повеќе земјоделски култури од претходната година.

За време на изборната кампања која истата е во тек, лицето. 3.3. во секој град, населено место и урбана заедница ветува работи кои во буквална смисла на зборот и со малку сарказам како истите да ги вади од нафталин.

Во оваа прилика како прилепчакец ќе ја нагласам неговата посета во градот под Марковите кули каде со потенцијалниот кандидат за градоначалник од редовите на плавите момчиња за градот Херој Прилеп, доктор Илија Јованоски одржаа мини средба со обичното прилепско доминицилно население.

Лицето З.З. дојде во блиц посета во градот Херој Прилеп во пазарниот ден сабота кога има најголем метеж низ далеку познатата прилепска стара чаршија.

Лицето 3.З. продолжи пред прилепчани со своите ветувања кои истите ги повторува во секој град и населено место во нашата мила и сакана Република Македонија.

Кандидатот за градоначалник И.Ј. и аболицираниот лидер 3.3.не одговорија на прашањето дали ќе има субвенции особено за жолтото злато кои истото живот значи за обичниот прилепски земјоделец.

Не одговорија на прашањето за неисплатените плати во најголемиот прилепски загубар Еурокомпозит. Но, истите тактички одговорија за укинување на РДТ каде во иднина Радио дифузниот сервис ќе биде финансиран од Буџетот на Р. Македонија. Иронијата да биде уште поголема за ова прашање пред неколку години токму плавите момчиња бараа РДТ да не биде на товар на државата од причини што ќе има политичко влијание врз Радио дифузниот сервис.

Не одговорија на поставените прашања од нивните ветувања за просечен личен доход од 30.000 денари. Исто така, го одбегнаа прашавето и за 100.000 денари плата за лекарите – специјалисти. Во оваа прилика иронијата да биде голема кандидатот за градоначалник од редовите на плавите момчиња И.Ј. до 15 часот работи моментално како директор на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески” – Прилеп и извршува во исто време и оперативни зафати во ортопедско – траумато лошкото одееление во Прилеп. И.Ј во поладневните часови извршува прегледи во неговата приватна ординација Ортомедика.

На крајот се прашуваме дали кандидатот за градоначалник на општина Прилеп ревносно ги почитува Законите на Република Македонија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top