Коментари

Двајца кандидати кои се разликуваат еден од друг по изборните ветувања


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Се наближува крајот на изборната кампања за следните локални избори, кои како што е познато ќе се одржат во недела на 15 октомври.

Во градот под Марковите кули за градоначалничката фотеља ќе се борат актуелниот татко на градот Марјан Ристески кој од прилепчани ќе го бара 4-от едно по друго градоначалнички мандат и ортопедот Илија Јованоски, актуелен директор на Ј3У Општа болннца “Борка Талески” – Прилеп.

За актуелниот татко на градот Марјан Ристески кој е номиниран од актуелната опозиција на централно ниво ВМРО ДПМНЕ има многу да се пишува во суперлативи за неговиот ангажман од сите сфери на општественото живеење во градот Перој Прилеп.

Во оваа прилика ќе наведиме само некои започнати и следствено на тоа реалзирани проекти.

На самиот негов старт во 2005 година кога на избори го победи психијатарот Сашко Пирганоски од неговоро ангажирање како татко на градот под Марковите кули локалната финансиска каса ја затекна во финансиска була. Исто, така, јавните претпријатија кои беа и се под Локалната самоуправа беа во тоа време во финансиски колапс.

За само неколку– месеци ревносниот градоначалник Марјан Ристески со неговиот успешен менаџерски тим изврши финансиска консолидација на Јавните претпријатија и финансиската каса на Локалната самоуправа.

Во оваа прилика само да нагласиме дека ЈКП Водовод и канализација имаше заостанати 2-5 плати за вработените и неплатен долг за данок кон државата.

ЈКП Комуналец наследи финансиски долг по основ на неплатен долг на данок од 32 милиони денари.

ЈКП Пазари исто така, се соочуваше со финансиски проблеми, а тогашното претпријатие за улици и патишта на чело со нарцисоидната личност С.Д. која сега е вгнездена во општинската самоуправа во Кривогаштани прикажуваа лажни ситуации за реализација во поглед на уредување и асфалтирање на сите улици во градот и населените места.

Верувале или не тогашното претпријатие за улици и патишта асфалтирало во проценти само 5% асфалтирани улици.

Со диригентската палка на градоначалникот Марјан Ристески се исплатија личните доходи на вработеиите во водоводното претпријатие во овие 12 години од неговото владеење на чело со првиот човек на ЈКП “ВИК” Сашко Николоски развршена е целосна промена на азбестните цевки и следствено на тоа целосна реконструкција на атмосферската и канализациона мрежа.

Надголем зафат на ЈКП “Вик” е изградбата на Пречистителна станица.

Менаџерскиот тим на ЈКП Комуналец на чело со директорот Златко Ристески – Џекчето од 2005 година редовно ги плаќа давачките по основ на Данок на ДДВ кон државата и наследениот данок од претходната гарнитура со исплата на рати е намале во овие 12 години за цели 7 милиони денари и сега изнесува 25 милиони денари.

Изграден е современ Царински терминал. Набавени се нови возила за собирање на отпад. Пуштена е во употреба Градската капела на новите Градски гробишта и во тек е изградба на мала капела на старите гробишта. Во тек е изградба на фабрика за рециклиран отлад, а следствено на тоа е извршена санација на градската депонија до близина на селото Алинци.

секоја урбана заедница се уредени парковските површини и направено е целосно партерно и хортикултурно уредување.

Кандидатот за Градоначалник Марјан Ристески со неговиот менаџерски тим на ЈП ПУП ги асфалтира во буквална смисла на зборот сите улици и артериско поврзување на истите до населените места кои гравитираат со општина Прилеп. ЈП ПУП воведе Градски превоз а посебна атракција за младата популација во летните месеци е туристичкиот воз.

Во ЈКП Пазари е санирана финансиската була на претпријатието. Се изгради трговско – деловен простор, а далеку прочуениот прилепски пазар е целосно покриен и уреден по сите Европски стандарди. За брзо време во некогашниот млечен пазар ќе се изгради современ деловен објект.

Започната е целосна реконструкцила на Градскиот стадион “Гоце Делчев” кој истиот е гордост на љубителите на најспоредната работа во светот – фудбалот. Изграден е фудбалски стадион на Могилата на непобедените и фудбалско игралиште со вештачка трева во населбата т.н. Типска.

Изграден е голем импозантен црковен објект во населбата Точила под името СВ. Петка и изградени се три црковни параклиси на различни места во градот. Во населбата Тризла за населението со муслиманска вероисповед е изградена Џамија.

Отворени се индустриските зони Прилеп 1 и 2 и во завршна фаза е отворањето на МЗ Прилеп 3 и 4. Исто така, изградена и ТИРЗ во близина на селото Алинци. Во овие ИЗ и ТИРЗ постепено од ден на ден никнуваат производствени капацитети со домашен и странски капитал.

Изградена е нова општинска зграда од океански тип. 3а жал, истата надворешно е осквернавена со јајца и бои од т.н. ланска шарена револиција.

Ова се само дел од реализираните проекти на Марјан Ристески кој мошне успешно 12 години Прилеп го направи најубав град на Балканот и во буквална смисла Европска метропола.

Кандидатот за градоначалник од редовите на плавите момчиња Илија Јованоски ветува дека ќе ја реконструира спортската сала Македонија каде ќе изградел базен и под надзор на стручен тим ќе се прави хидротерапија. Во оваа прилика да го потсетиме И.Ј. дека сега и во иднина не може да го оствари овој проект од причини што спортската сала Македонија е под државна капа.

Нагласува дека нема реконструкција на водоводната и канализациона мрежа. Најдобро е Ј.И. да се обрати кај надлежните во ЈКП “МК” кои ќе му кажат да не ветува брда и долини од причини што е извршена целосна реконструкцијј на атмосферската и канализациона мрежа.

Исто така, Јованоски нагласува дека актуелното владеачко мнозинство во Градот под марковите кули на чело со ревносниот градоначалник Марјан Ристески прави финансиски махинации со надалеку прочуената манифестација Пиво фест.

Средствата собрани од автомобилската такса и за закупен квадратен метар од пиварниците и скараџиите се легнати во општинската каса.

На крајот најдобро е со чесна борба а не подмитување на ромското население со животни намирници (фатени високи личности од СДСМ на дело и истите објавени на социдалните мрежи со цел да се добие глас повеќе од противникот и чесно и поштено да се седне на градоначалничката фотеља.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top