Коментари

ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО СИДНЕЈ

Прилепската вечер беше одржана во просториите на Фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН во Рокдајл, со богато мени и извонреден настап со македонски песни на македонскиот пеач Јордан Митев.

Присутните ги поздравија македонскиот амбасадор Веле Трпевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски, претседателот на Прилепското друштво и директор на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија Гоце Мургоски, и потпретседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија Стефан Каранфиловски.

Присутните поминаа прекрасна вечер која долго ќе се памети.

Го пренесуваме во целост поздравниот говор на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски.

– Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, Ваша екселенцијо господин Веле Трпевски, амбасадор на Македонија во Австралија, Почитувани пријатели од Австралија, Во Балканските војни 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршија окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ. Во армиите на овие окупатори, мобилизирани се околу 100.000 Македонци од окупираните делови на Македонија: Бугарија регрутира 33.000, Грција 20.000, а Србија 53.000 Македонци. Мобилизираните Македонци, за жал, учествуваа во најкрвавите воени судири во текот на Балканските војни и Првата светска војна. Брат со брат, татко со син, се убива меѓусебе, за туѓи и други, мобилизирани во окупаторските армии во Македонија!

По фашистичката агресија, во Втората Светска Војна, Македонија повторно е окупирана од Италија и Бугарија. Како и во Илинденското востание на 2 август 1903 година, Македонците повторно ја започнаа анти-фашистичката и национално-ослободителна војна на 11 октомври 1941 година. На тој ден Прилепскиот партизански одред “Гоце Делчев“ го изврши нападот на бугарската полициска станица и затвор, и ги прекина телефонските врски и електричната инсталација во Прилеп.

Ако Крушевската Република од 3 до 13 август 1903 година беше круна на Илинденското востание, Првото заседание на Анти-фашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во македонскиот манастир Свети Отец Прохор Пчињски беше круна на востанието на Македонскиот народ во Втората Светска Војна. Манифестот на АСНОМ повикуваше на ослободување и обединување на сите делови на Македонија и на Македонскиот народ, во етно-историските граници на Македонија. Македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија, Втората Светска Војна ја заврши со околу 25.000 загинати борци и жртви. Вечна им слава и помен на сите загинати учесници во вооруженото анти-фашистичко и национално-ослободително востание на Македонскиот народ. Вечна му слава и помен на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, роден на 17 август 1902 година, а упокоен на 24 јули 1957 година. Годинава 2017, се навршија 60 години од неговата смрт. Го продадоа нашите. Вечно ќе останат врежани во меморијата на Македонскиот народ неговите зборови: “Не верував дека моите ќе ми судат за Македонија!“

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, 11 октомври е симбол на македонската борба за слобода. 11 октомври е ден кога повторно се возобновени темелите на Македонската држава. Наша должност е да ја чуваме Македонија: слободна, суверена, самостојна и независна, затоа што преголем е бројот Македонци кои го дадоа својот живот за државата и за слободата.

11 октомври денес е државен празник на Македонија – Ден на народното востание на Македонскиот народ.

Во името на Светскиот Македонски Конгрес формиран 1899 година во Женева, Швајцарија, возобновен во 1990 година, како прва и единствена меѓународна невладина непартиска и непрофитна организација, и како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Ви го честитам Денот на востанието на Македонскиот народ, на Прилепската група во Сиднеј и на сите Македонци во Австралија, во Македонија и во светот.

Ништо помала не е нашата одговорност денес, иако далеку од родната Македонија, за судбината и иднината на татковината, исправена пред големи предизвици и искушенија! Имаме обврска во името на сите загинати, убиени и упокоени, знајни и незнајни јунаци и борци за слободата на Македонија во сите војни и востанија, да повикаме на семакедонско помирување и обединување во еден и единствен Светски Македонски Конгрес, затоа што заедно сме посилни, затоа што силата е во единството!

Со сите разлики меѓу нас Македонците во Австралија и во светот, САМО Македонија е нашиот заеднички именител, САМО Македонија е нашиот заеднички содржател! Ако ја изгубиме Македонија, ќе не снема и нас Македонците во светот.

Ние сме против договорот меѓу Македонија и Бугарија од 1 август 2017 година! Ние сме против албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Македонија. Ние сме против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Ние сме лојални државјани на Австралија, но гордо велиме дека името на нашата татковина е Македонија, ние сме Македонци, иако наш службен јазик во Австралија е англискиот, нашиот мајчин јазик е Македонскиот!

Ве поздравувам во името на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес господин Тодор Петров, и уште еднаш Ве повикувам Вас и сите Македонци и македонски организации во Австралија – Да се обединиме во единствениот Светски Македонски Конгрес – Австралија! Комуницираме на социјалните мрежи, но тие не се регистрирана организација. Организација која треба да ги обедини сите Македонци во Австралија е Светскиот Македонски Конгрес – Австралија. Јас како претседател на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија заедно со членовите на Извршниот комитет, Ви посакуваме пријатна вечер и добро расположение. Нека Господ Бог не благослови сите нас, нека Господ Бог ги благослови Македонците во Австралија, во татковината и во светот! – рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија и потпретседател на Светскиот Македонски Конгрес Џим Стефановски.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top