Коментари

ВМРО ДПМНЕ мора да го мобилизира членството а пред се Ветераните на партијата

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Македонците наскоро ќе ги почуствуваат последиците од гласањето на локалните избори 2017г.

По првиот круг на локалните избори македонскиот народ беше поразен. Центрите на моќ со помош на лидерот на СДСМ Зоран Заев го завршија политичкиот проект за редифинирање на Македонија. Наместо обединет за да се спротистави во последната битка на локално ниво, македонскиот народ збунет и уплашен наседна на лажните ветувања за подобар живот. Со тоа се отвори патот за промена на името, идентитетот, јазикот, па и поделба на земјата!

Уште од времето на крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога низ Македонија дејствуваа српската, бугарската и грчката пропаганда, не се памети ваква антимакедонска кампања каква што се случува во последните неколку години. Како и тогаш, така и денес главните актери се од македонскиот народ кои за пари беа спремни да си го продадат и мајчиното млеко. Многу касно ќе биде кога ќе сфатат што направиле.

Грешките беа направени кога пред три години се дозволи Зоран Заев непречено да уценува со бомбите, потоа кога се дозволи да се објавуваат нелегално стекнатите прислушувани разговори, т.н. бомби, кога се дозволи странците да се замешаат со Пржино 1 и 2, како и кога вон уставно се формира Специјалното јавно обвинителство. Исто така, сето тоа, во режија на надворешните центри на моќ, потоа беше ставено во служба на специјалната психолошка војна која требаше да го смени мислењето на јавноста за ВМРО ДПМНЕ и од успешна партија да ја престави како криминогена тероростичка организација.

Отсуството на соодветен и навремен одговор во тоа време, потоа резултира не само со губење на централната власт, туку и со губење на поголемиот дел од единиците на локалната самоуправа. Тоа во иднина му ги отвара широко вратите на актуелната власт да преговара за промена на името, јазикот и идентитетот на македонскиот народ, потоа за воведување на двојазичност на целата територија на земјата, по што ќе следува федерализација, како и можеби нејзина поделба меѓу две соседни земји на истокот и западот.

На локалните избори 2017 година, македонскиот народ во најголем дел им ја даде довербата на социјалдемократите. Но последиците од гласањето македонскиот народ наскоро ќе ја почуствува. Тогаш нема потреба да се жалат зошто сами си ја скроија својата судбина.

Во предизборието на парламентарните и локалните избори многумина ја свиткаа кичмата, беа заведени од СДСМ дека ќе имаат плата од 500 евра, а други беа купени од нив за пари. Речиси да не се свесни дека не само што нема да го добијат ветеното, туку уште ќе мораат да ги вратат средствата преку разно разни давачки и да останат без работа, без име и идентитет, без образ.

Сепак, како меѓународната заедница и СДСМ да заборавија дека со ваквиот инжинеринг со кој ВМРО ДПМНЕ е симнат од политичката сцена може истата да ја радикализира и да ја врати партија на старите основи – Внатрешна Македонска Револуционерна Организација која што силно ќе го брани името и идентитетот.

ВМРО ДПМНЕ не смее да се деморализира и да ја свитка кичмата заради македонскиот народ, заради македонското име, историја, традиција и култура. Таа не смее да стане сервилна кон центрите на моќ, не смее да се откаже од нашето име, од нашите корени, заради нашите деца, заради нашата иднина.

ВМРО ДПМНЕ мора да го мобилизира членството а пред се Ветераните на партијата за да се бори и да бара повеќе бидејќи.

„Ако не бараме, никој нема да ни даде. Ако не се бориме, од никого нема да се ослободиме, или пак ако не го поставиме прашањето за целосно разрешување на македонското прашање, никој нема ни да го постави ни да го разреши. Ако нашата “пушка денес не грмне“ за целосно соединување на Македонија, никој тоа соединување нема да ни го подари. Ако ние се задоволуваме со разрешување на македонското прашање на парче, тогаш поделбата на Македонија еднаш за секогаш ќе биде сакционирана. А такво нешто ќе има несогледиви последици не само по македонскиот народ, туку и по сите балкански народи.“

Овој извод од приговорот на АНОК на манифестот на ГШ на НОВ во декември 1943 година, е само продолжение за сето она за што се бореа македонските револуционери и дејци во текот на борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава. Тоа е аманет на нашите претци да продолжиме со нашата борба за да не исчезнеме од картата на Европа.

Затоа ВМРО ДПМНЕ да се мобилизира и во вториот круг да направи се што е можно за да се добие уште некој градоначалник на локална самопурава, Тие ќе бидат потпора од каде ќе се тргне кон нови победи.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top