Коментари

За приврзаниците на СДС нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето

Македонскиот гласач изигран, наместен, поткупен, купен…

Има ли друга реченица со која може да се започне една исповед на искрен патриот?

За приврзаниците на СДС нема потреба веќе ни да се зборува, тие се изгубени во просторот и времето, водени само од омраза кон се што е патриотско, се што е македонско.

Испрани мали мозоци, позомбени битија со единствена цел цицање на македонска крв. Тие кутрите и не знаат веќе што се случува, застанаа на фразата „ќе си лежите“ и не се ни трудат да дознаат нешто повеќе. Сега знаат дека ги добија локалните избори, имаат апсолутна власт и точка, се завршува тука.

За оние другите, патриотите, односно оние што вистинските патриоти ги издигнаа, ги направија луѓе. Е тие сега имаат проблем, ама се уште не се свесни изгледа за големината на тој проблем.

Одат од крајност во крајност:

Прво го оставаат својот народ на цедило, оној народ кој ги избра и им го даде барјакот, кој два месеци ја бранеше македонштината. Тогаш овие беа глуви и неми, се оградуваа и тие од смрдливите и пијани патриоти. Па нели врхушката има бели јаки и дебели кожени фотелји, не се дружат тие веќе со смрдлив народ.

Тие, белите јаки, гледаа како ни наметнуваат нелегитимна влада, ама тие пееја ли пееја…

Тие, белите јаки, се оградија од луѓето што искажаа непокор, љубов кон Македонија. Нели, белите јаки се културни, демократи, абе глас не дигаат, толку многу се фини и во филм. А тие, патриотите, парталави, насилни, гласни…

И на крај, белите јаки, заедно со зомбите го направија најголемиот фалсификат на сите времиња. Совршен не, бидејќи не беше воопшто совршен.

Така, за да си ја тргнат одговорноста, белите јаки кажаа срамежливо дека изборите се наместени, демократски честитања, нели, тие се гоооолеми демократи. И ајдееее опозиција ќе ти биле, силна и конструктивна. А што бре ќе опонирате, кога сите сте во истата попара. Вие пак во Собрание, а народот на улица. Опозиционери …

Од каде знаеме?

Уште не се оладила состојбата од тоталното фијаско, тие референдум ти бараат, и тоа за договорот со Бугарија. Која хипокризија луѓе. Не успеав само да разберам дали со овие последни чекори како: барање за ослободување на осудените од 27 април, патетичната исповед на лидерот и сега овој референдум се фаќа давеникот за сламка, или навистина мислат дека ќе се спасат.

Салоника

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top