Коментари

Раздели и владеј

robert-klenkoski

robert-klenkoski
Роберт Кленкоски

Политичкиот инжинеринг е во фаза на „раздели и владеј“, се подготвува основата на долготрајното владеење со Македонија. Многубројните групации и поединци се опфатени со манипулација и со совршена пропаганда, не приметуваме дека ние самите им обработуваме!

Со провокација на пеење химни и грубото превземање на собранието го провоцираа народот за тој да ја покрене познатата правна грешка. Не само што ги осудија, него со тој акт ги уплашија голем дел од народот и државните структури. Отпорот го срушија и политичите противници ги ставија во немоќ.

Следеше познатата провокација со појавување на групации пред најавените локални избори, кој одвнатре ја црнеја партијата и членството го повикаа на бојкот. Криминалните структури, деформаторите и нашата мека политика им го донесе познатиот резултат.

Сега следат и на локалното поле масовни откази во сите државни структури со цел и последниот отпор да се крене неорганизирано и направи уште една правна грешка.

На сите полиња и со сите нивни структури се борат да деформираат и да не разделат. Нивните ги ќорат со обеќавања, им бараат стрпливост како и време. Време кое се користи за одмазда и носи каос и анархија. На крај ќе следи тотален полициски режим.

Да бидеме сигурни, последиците ќе ги сноси македонскиот народ!

Македонци, време е да се разбудиме, да дадеме отпор, да не дозволиме невини да затвораат.

Да се организираме и да се обединиме со масовен отпор, да не чекаме да тропнат и на нашата врата!

Дијаспората мора да се активира во овој отпор, се работи за нашата Македонија, за нашите роднини и пријатели, за иднината на Македонија.

Отпорот започна на 28 ноември со протест пред основниот суд Скопје повикан од ВМРО-ДПМНЕ и други патриотски здруженија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top