Коментари

Македонија треба да даде голема жртва за да се затвори црковното и македонското прашање!

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Грците и гркоманите во минатото ни ја одзедоа Охридската архиепископија, а денес сакаат да ни го одземат името и идентитетот, искрата на нашата иднина. Меѓутоа, колку и да се мачеа не можат сосема да го искоренат чуството дека ние сме Македонци.

Пред 250 години Охрид беше престолнина на патријаршијата основана од Јустинијан (535), а едно време и светилник на просветлувањето на славјанскиот род. Не губејќи го семето на славните прадедовци, долго време ги испраќаше по цела Македонија и во соседните земји најдобрите учители за да го шират божјото слово, но, и да учат на туѓ јазик и туѓа политика.

Грешката беше скапо платена во 1767 година, кога грчките фанариоти во соработка со Турците ја укинаа Охридската архиепископија, а македонските епархии беа приклучени кон Цариградската патријаршија. Измина доста време за да македонските дејци ја сватат својата заблуда и да почнат да делуваат.

Во текот на 19 век, откривајќи ја својата заблуда, македонските учители се вратиле на своите корени, воспитувајќи го народот во училиштата на својот мајчин јазик. Така во Охрид, во еден период, поворно се слушаше народниот говор, а тоа им пречеше на грчките владици, кои не дозволуваа богослужба и школување на славјански јазик.

Ваквата политика на патријаршијата, во втората половина на 19 век, го предизвика македонскиот народ кој масовно почна да се откажува од Цариградската патријаршија. Охриѓани еднодушно решија да го протераат грчкиот владика. Но, не само во Охрид, тогаш почнаа да се будат и да ги бараат своите права и од цела Македонија. Така на пример, „на 25 март 1969 година, Прилепската окружност го отфрли грчкото иго и ја побара од проклетите фанариоти грабнатата пред еден век народната своја Охридската аргиепископија на 20 јуни 1867 година….“

Бунтот против грчката Патријаршија се прошири на Балканот и стана општославјански против елинизмот. Македонците започнаа со отфрлање на јурисдикцијата на Цариградската патријаешија. Но, наместо возобновување на Охридската архиепископија, во 1870 година се формира Егзархијата, која потоа од славјанска стана бугарска. Тоа не му беше по воља на македонскиот народ, кој во повеќе наврати се обиде да ја возобнови. Меѓутоа, стравот на фанариотите од обновата на некогаш славната Охридска архиепископија беше голем. Тоа значеше не само обновување на Јустинијановата црква, туку и појава на Македонецот на политичката сцена, што беше спротивно на интересите на малите балкански држави и големите европски сили, кои имаа аспирации кон територијата на Македонија

И покрај пречките, по Втората светска војна започна обновата на  Охридска архиепископија, како Македонска православна црква. Меѓутоа, кога македонскиот народ сметаше дека затвара една многу важна страница од својот живот, како пречка на нејзиниот пат се појави Српската православна црква. Таа до ден денес, ја спречува афирмацијата на МПЦ- ОА во светот, што е причина таа да преземе радикални чекори. По прогласувањето на афтокефалност на Македонската православна црква во кули 1967 година, деновиве МПЦ – ОА  побара од Бугарската православна црква и набрзина доби согласност како црква мајка да и биде застапник во врска со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Интересен но рискантен потег, ако се знае дка источниот сосед признава еден народ и две држави. Но, не е само овој потег на новата влада на Заев рискантен Тука во игра тој ја стави Тиранската платформа и промена на името во корист на барањата на јужниот сосед.

Договорите потпишани со Бугарија, Законот за јазиците и т.н. укажуваат дека под диктат на Западот се создава оска Тирана-Скопје-Софија, која треба да се спротистави на оската Атина – Белград. Новата влада на Заев во потесен контекст со овие потези очекува брзо решавање на црковното прашање и името, а потоа на сила втурнување на Македонија во НАТО. Меѓутоа, во поширок контекст, како да не забележува дека ова може да предизвика не само раскол во православието, туку и на жесток судир на Истокот и Западот на територијата на Македонија.

Во оваа брзопотезна шаховска игра, покрај црковното прашање, во игра е и името. Доаѓањето на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Скопје и неговите изјави дека новата влада на Македонија би била задоволна со името Нова Македонија или Северна Македонија, укажува дека веќе постои некаков договор околу името, кој набрзо ќе биде објавен.

Меѓутоа, старите велат дека брзата кучка слепи кучиња раѓа. Историјата на Охридската аргиепископија и македонското прашање кое со векови го бранова полуостровот и е причина за неколку војни, треба да ни е опомена дека барајќи ги роговите да не ги изгубиме и ушите!

Ако се има во предвид грчката историја, ретко кој успеал да ги надитри овие трговци, кои одавна ја отворија Пандорината кутија заради македонското прашање. За таа да се затвори, македонскиот народ ќе треба да даде многу голема жртва за да се реши црковното и македонското прашање поврзано со името. Маките, низ кои македонскиот народ ќе поминува овие месци ќе бидат големи. Меѓутоа, колку и да се тешки, тие не ќе можат сосема да го искоренат чуството дека ние сме Македонци.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top