Коментари

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ

smk

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОВИК ЗА СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно и дома и во светот!

СМК потсетува дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонскиот народ и Македонците по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки, одлуката на референдумот по Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да го известат со нота на Генералниот секретар на Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите со Владата во Атина за разликата за името на државата и идентитетот на нацијата, и да упатат Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

СМК ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Собранието, Претседателот и Владата, сега и веднаш, да објават, дека отфрлаат референдум, амандмани на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Европската Унија и НАТО Алијансата не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија не излезе од поранешна СФРЈ за да се фрли во прегратките на Софија или на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, која врз основниот принцип на меѓународното право – еднаква сувереност – со сите во светот ќе соработува!

СМК укажува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не се демократија, слобода на мислата и слобода на јавно изразување на мислата и уверувањето, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува!

Македонскиот народ, Македонците во светот, никогаш нема да прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Тие што ќе прифатат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е ќе одговараат пред судот на правдата, историјата и народот, со доживотен затвор и конфискација!

Македонскиот народ, Македонците во светот, макар и еднострано декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

СМК предлага историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира: меѓусебно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа, и немешање во внатрешните работи на суверените држави!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top