Коментари

Заев на колена пред Ципрас

zaev-cipras

zaev-cipras

Според лиферуваните информации во електронските и печатените медиуми, поголем броj на македонски аналитичари се претпоставува дека се работи за три клучни прашања во спорот за името, и тоа: Идентитетот, јазикот и Уставот, додека Грчкиот политички естаблишмент настапил со 7 прашања во решавањето на спорот за името: Името, употребата на самото име, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Македонскиот премиер Зоран Заев веднаш излезе во јавноста и истиот нагласи дека има напредок во преговорите и 3 спорни прашања се решени помеѓу грчкиот и македонскиот политички естаблишмент но, министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас во електронските и печатените медиуми во неговата доминицилна земја го демантираше самиот Зоки Заев дека нема напредок и по Виенската 12 часовна средба со македонскиот Министер за надворешни работи Димитров во поглед на 7-те прашања дадени од грчка страна до македонскиот политички естаблишмент.

Најмногу придвижувања во врска со спорот за името беше средбата во Давос на премиерите Заев и Ципрас. По враќањето Заев во клубот на пратениците зад кулисите на јавноста го собра целиот политички врв на македонската политичка сцена со единствена цел да реферира што станало збор на средбата со Ципрас во Давос.

По 2-3 дена премиерот Заев нагласи дека не е спорно да се прифати некоја географска одредницз на нашето Уставно име. Потоа, веднаш во знак на омекнување на односите со Грција на Владина седница беше донесена одлука да се преименуваат Аеродромот Александар Велики во Меѓународен аеродром Скопје и автопатот од Табановце до Гевгелија од Александар Македонски во Пријателство. Голема среќа е што нашата земја не излегува и на море. Во таков случај ако имаше македонското пристаниште античко име, и тоа ќе требаше да се преименува по желба на Грција.

Посредникот во преговорите, или олеснувач и медијатор Метју Нимиц кој нема право да предлага имиња, него само да посредува на неговата последна шатл-дипломатија на релација Атина – Скопје предложи некои одредници за нашето Уставно име.

Деновиве МАНУ И БАН се состанаа да ја разгледаат историјата помеѓу Македонија и Бугарија. Тоа е плод на потпишаниот договор за добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Иронијзта да биде уште поголема на неодамнешната средба на Бугарскиот гостин, Претседателот Радев со нашиот домаќин Иванов беше загриженоста на нашиот гостин со тоа да не се употребува географска одредница кој би ја наштетила унитарноста на Република Бугарија.

Многу симптоматично е што во преговорите за Уставното име се вклучени 3 личности каде без извршен попис се декларираат дека се 2/3 население на македонската територија, а тоа се Али Ахмети Артан Груби и Бујар Османи.

Првиот во емисијата на еден од електронските медиуми нагласи дека спорот за името треба да биде слично, а тоа е потпишаниот договор за добрососедство и соработка помеѓу нашата земја и источниот сосед, потоа, тој договор да помине лесно во парламентот.

Во оваа прилика да потсетиме дека Али .Ахметиво сите интервјуа за електронските и печатените медиуми во нашата земја и надвор од неа го употребува само албанскиот јазик.

Лицето А.А. треба да го земе за пример македонскиот селектор на ракометната репрезентација на Македонија и актуелен тренер на македонскиот и европскиот шампион Вардар кој се труди да зборува македонски во комуникацитата со неговите пулени.

Вториот, претставник Артан Груби пред извесно време во Њујорк се сретна со Метју Нимиц и нагласи дека спорот за името е решено само се чекало погоден момент за да се обзнани името со географска одредница.

Бујар Османи, кој во Извршната власт го командува ресорот Вицепремиер за економски прашања максимално е вклучен во решавањето на нашето уставно име. Задача негова е да ги посети сите соседски метрополи на нашата држава.

На крај треба да падне договорот за 33-те илјади амандмани предложени од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ а во врска со употребата на Законот за јазиците каде албанскиот Јазик треба во буквална смисла на зборот да стане втор официјален јазик во нашата земја.

Во иднина Заев има горливи задачи и главоболки да реши прашање кое временски се провлекува 1/4 од милениумот. Се плашам да не не може да ја издржи сам пресијата и во таков случај да ја префрли топката кај опозицијата како не конструктивна и нефлексибилна страна во решавањето на нашето витално прашање, а тоа, е спорот за името.

Рубинчо В. Јованоски од Прилеп
Авторот е новинар

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top