Коментари

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, САМО МАКЕДОНИЈА – ЕРГА ОМНЕС ОД ДИЈАСПОРАТА И НИШТО ДРУГО!

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Коѕиас бара да немаме име А и Б, не барем пукнавме од радост да имаме.

Ципрас и Грците ни наметнуваат ЕРГА ОМНЕС а воедно Уставот да сме го смениле.

Но дали е тоа се, кога бараат идентитет, јазик, лични карти, пасоши и кој знае уште колку стотици други услуги и корекции ќе побараат, дури ни Господ не знае.

 Причината била според нив наводно како нас многу ни се брзало и ептен сме сакале во ЕУ и НАТО.

Како да нема ништо друго поубаво и гаранција за подобар живот.

Од наша гледна точка, воедно и од неутрална страна, се поставува прашање до Коѕиас, како е можно тие да имаат еден куп имиња како на пример – Елада, Елинас, Јунанистан, Грција, па дури и МАКЕДОНИЈА …

За Ципрас и цела Грција имам прашање : Дали Ние сме ставиле ерга омнес на нив и дали нешто бараме од нивниот устав да се смени ?

НО НАЈТЕШКО МИ ПАЃА И СТРАШНО МЕ НЕРВИРА МЕНЕ И СИТЕ НОРМАЛНИ МАКЕДОЦИ ЕДНА ГОЛЕМА ГЛУПОСТ. Тоа е дека на овој начин ќе го елиминирале нашиот национализам, границите немало да се менуваат и ќе било убаво. А убаво беше да се менуваат границите во 1913 на наша голема штета, па сега уште Црпко и СДСМ да не докусурат, за тие да си имаат мир.

Нека се рашири оваа порака насекаде и да стигне до Коѕиас, Ципрас и сите Грци.

Сакале вие тоа или не , Егеј ќе го вратите и никогаш нема сонот и правдата Македонска да ни ја одземете се додека има и постои макар еден Македонец. Од тројца војници на Александар Македонци се направи цел народ на територија на денешен Пакистан. Воедно, дијаспората има милиони Македонци кои не потклекнале ниту ќе потклекнат и доказот ќе го добиете сега за некој ден.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, САМО МАКЕДОНИЈА – ЕРГА ОМНЕС ОД ДИЈАСПОРАТА И НИШТО ДРУГО!

АМИН!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top