Коментари

Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Со создавањето на албанската држава, Албанците ја заборавија бесата дадена на македонскиот народ во 1887 година. Имено, целта на двата народа биле обединети во заедничка платформа за единствено македонско-албанско национално ослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година кога македонски и албански патриоти формирале „Албанско-Македонска револуционерна лига“. Таа има составено „Апел“ во кој се нагласува дека:

„По многу обиди што ги преземаме за да и’ помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. На Македонците што се наоѓаат во бугарското Кнежевство и на оние што живеат во Македонија…“

Како што пишува во „Апелот“, Лигата подготвила Устав и Програма за “самоуправа во нашите две области”, т.е.

“во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците”.

Многу години потоа, Македонците создадоа своја независна држава на еден дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, од осамостојувањето на земјата во 1991 година, Албанците заборавија кој е домаќин во Македонија.

Во последните повеќе од две и пол децении тие излегуваат надвор од она што некогаш било договорено меѓу нив. Подбуцнати од истите агентури кои отсекогаш работеле против Македонија, апетитите драстично им се зголемија.

Наместо да се почитуваат заедничките цели дефинирани во минатото, денес албанските политичари помогнати од странската агентура и домашните политички слепци, го окупираа македонското Собрание, ја укинаа демократијата и на насилен пат го воведоа Законот за употреба на јазиците.

Албанците денес се обидуваат со сила да му го украдат правото на македонскиот народ да биде суверен господар на својата македонска земја и покрај почитувањето на сите малцински или ако сакате етнички права. Тие ја заборавија девизата од минатото: “во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците”.

По настаните во македонското Собрание францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави дека „може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. Тој изјави дека инцидентите во Собранието не се глетка од парламент на европска држава.“

Исто така видно разочаран дека видел настани за кои мислел дека се дел од минатото, тој ќе потенцира дека при донесувањето на овој закон „немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизирана дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава.“

Претседателот Талат Џафери, во седница како да се оддржува во планина а не во маконското Собранија, со усвојување на Законот за употреба на јазиците надвор од процедурите, по 2001 година повторно „стрелаше“ во македонскиот народ, доведувајќи ја во прашање унитарноста на Македонија.

Во тоа имаше поддршка од владата на Зоран Заев и неговите 44 пратеници–предавници- слепци кои ја водат земјата кон провалија.

Единствено кој се спротивстави на донесувањето на законот за јазиците во Собранието беше поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Свесен за последиците од законот, за кој и порано предупредуваше за она што се случува во земјата, тој се обиде да го спречи неговото донесување, но беше спречен од обезбедувањето.Браво за Груевски, но една ластовичка не ја прави пролетта.

Ако видиме што се случува во другите собранија на други земји како се бранат ставовите, се прашуваме зошто освен вербална изостана другата поддршка на пратениците од опозицијата.

Единствена одбрана на унитарноста во земјата сега е во рацете на претседателот Ѓеорги Иванов, кој не треба и не смее да го потпише указот за овој закон. Но тој се соочува со закани како од дома така и од надвор.

Албанските политичари во Македонија велат дека Законот за јазиците ќе го спроведат без разлика дали потпишан или не од претседателот. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, се заканува дека „албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија“.

Со вакви закани кон Македонците кои не се насилници, се испраќа порака дека македонскиот народ не смее да има држава. Оттука се прашуваме:

Дали треба да станеме насилници, да правиме ужасни работи за да опстанеме и Европа да не сфати сериозно дека постоиме како македонски народ?.

Македонците не смеат да дозволат да го сменат името или во својот дом некој друг да им командува, но ќе ги почитуваат сите права на етничките заедници. Меѓутоа, доколку некој ја премине границата на пристојно однесување, македонскиот народ ќе нема друг избор освен да се брани.

Подобро е сите да изгинеме и да не запаметат во историјата како Македонци, отколку сами да се избришеме, бидејќи тогаш навистина не сме вределе како народ за да некој не забележи во светската историја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top