Коментари

ИЗБРИШАНИ ОД ИСТОКОТ НЕЗАПИШАНИ ВО ЗАПАДОТ 1948-2018

tomic-slobodan

tomic-slobodanПишува за свест.мк: Слободан Томиќ

Можеби некролог, но не е тоа. Седум децении од едно битисување на кодошње, или наведување… За Информбирото збруваме, лозинката беше “За Тито си или за Сталин“, демек ако не сте со нас, тогаш сте против нас. А, Сталин, следеше наредба и те нема. Не е ништо ново и сега, но на другата страна од Истокот, кај нас на Балканот. Балкан и натаму е буре барут. Ако експлодира, нема никој да се врати. Овојпат последиците ќе бидат преголеми, оценуваат експертите и аналитичарите за воени прашања. Но, кому му оди во прилог виорот на војната? Кому му оди во интерес да исчезнат милиони луѓе, па и цели народ?

Не бегаме од историјата и вистината дека Македонија е мајката на светот. Поради тоа и сите се бунат, добиваат алергии кога Македонија и македонизмот се спомнуваат. Впрочем, и тие што самите се свесни за оваа вистина, а кои и натаму не се откажуваат од кражбата, името Македонија да биде во нивна сопственост во едно се раобличени – не знаат ниту умеат како да се облечат во рувото “македонско“.

Сопоред теоријата на Хартланд, кој владее со моравско-вардарската долина владее и со Балканот. Од друга страна многу одмана американскиот претседател Томас Вудроу Вилсон со став САД да има влијание врз Македонија, која би станала монархија на чело со Хабзбург, откога Австро-Унгарија се распаднала.

Сите ја разбрале и ја прифатиле вистината, што преставува Македонија и како поим и како историја и како факт, само Македонците самите, никако тоа да го сватат, да ја почувствуваат енеријата и силата на Македонија. Зошто до ваков хедикеп на самоспознавање?

Деновиве што се’ не се изнаслушавме и што се’ не се изнагледавме. Од помали до поголеми глупости. Од бурлески до циркузи.

Диплооматијата не е улица. Дипломатијата е наука. Дипломатијата е знаење. Дипломатијата е суштина. Дипломатијата е пракса. Дипломатијата е столбот на секоја куќа, како и на Куќата Македонија. Но, што има Куќата Македонија во моментов? За жал, лошо поставени чувари.

Светот, денот и компасот си го имаат својот Истак и својот Запад. Каде е Македонија меѓу сите стрелки, ако насокиве го објавуваат денот и ноќта, правецот и ќорсокакот? Со оглед на однесувањата на некои “политичари“ Македонија е се’ подлабоко во “темнината и во зоната на сумракот“ или со еден збор во ќорсокакот.

Мудроста се оценува според начинот на нашето однесување кога сме во лавиринот и барањето на клучот за излез од беспатието! Но, мудроста доаѓа и од енергијата која ја поседуваме и ја имаме кон сопствена земја и сопствениот народ. Колку се потребни авантури или играње со огнот, одењето по жилети. Кому се потребни такви “факирски“ вештини, ако сеуште не знаат како се оди по патот?

Дали воопшто Македонија терба да се впушнти во најопасните воени игри, кога светот се’ повеќе наликува на вулкан кој еруптира, и кој се’ повеќе ги испушта отровните гасови од кои се уништува секој можен центар на живот? Дали Македонија треба да ја има таа посакувана стратегија на неутралност и на соработка со двете страни од страните на светот? Чуму ни е сега “кавга“ со железниот човек, кој самиот даде поддршка без некој да ја побараме – потврдата дека Истокот писменоста ја примил токму од Македонија. Дали наместо благодарам, ние враќаме со шлаканица?

Дали “корпа“ и на “Чичко Сем“ – Големиот брат во центарот на светот, светската влада на Ист Ривер, “Не “ за проектот во Ерусалим?! Вакви детски “каканки“ не ги пери ниту една вода. Инфантилонста или резилот, се’ повеќе се продлабочуваат, но на штета на Македонија и Македонскиот народ.

А, кому му е гајле за Македонија и Македонскиот народ, ако неговата автохтоност или државотворност ја дерогира, менувајќи ја и трампајќи ја за свои лични и бедни интереси, а тоа се изгубените во времето и просторот !

Кому му е потребно токму сега да си игра со руски рулет? Знаете, казната доаѓа тогаш кога најмногу ја очекуваш и посакуваш и од Иисток и од Запад.

Како и да е, претставата продложува сакале или не, и покрај нискиот праг на НАТО интерес кој е помал од од кога и да е. Македонија фатена за уши ќе биде турната во НАТО на самиотот во Јули 2018 со условен “напредок“, а тоа е влез во НАТО под временото обраќање пЈРМ, со фуснота “се очекува ново име откако ќе се договорат Скопје и Атина со благослов на Тато“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top