
Александар Џеповски
Дали некогаш сме рекле имаме проблем со идентитетот, името, знаме, устав па сега ни треба помош?
Дали некогаш сме сакале да имаме и втор јазик, непознат и тоа комшиски па барабар со Македонскиот да го третираме исто ?
Па до кога вака со глупости и мизерии ќе се мафтаме? Треба ли да се откажеме од сами себе, земја и се што е нормално за да некого задоволиме? Кого тоа ние го тинтриме, а за возврат да сме чекале ред и тоа без никаква гаранција за во ЕУ и НАТО?
Па овие ЕУ и НАТО немаат никаква гаранција дека ќе постојат уште некоја година, а Ние ете упорно сакаме да им влеземе, плачеме, пискаме и коси корнеме со надеж дека многу богато и идеално ќе живееме во финансиска идила.
Дали сме свесни што правиме и кој се игра мајтап со Нас?
Ај Црпко и СДСМ се изроди со тапија, ама кога ќе слушнам и дека ВМРО ДПМНЕ преку реформистите повеќе кукаат и пискаат за ЕУ и НАТО бегајќи од Русија и Кина како ѓаволот од крст … нели е дојдено време некој да реагира и пресече машки?
Одговорот е НАРОДОТ.
Ова што се случува денес е кажано во Библијата и од јасновидци многу поодамна.
Само ние како утки сето тоа го занемаруваме. Божјата казна ќе го стигне секој еден за оваа инфериорност и негрижа, занемарувајќи ги сите поклони и благодети од Бога а тоа е избраната рајска земја МАКЕДОНИЈА.
Време е да тргнеме по стапките на Бога и да не заборивиме дека маки и тешкотии ќе видиме, но ќе бидеме наградени, а тоа е Македонија вечна и само на Македонците.
АМИН!!!