
Александар Џеповски
Каде е Александар Македонски? Треба да се пронајде барем гробот негов во овие клучни моменти.
Тоа ќе биде лек за се и за сите досегашни маки и трпенија. Македонецот ќе воскрсне и има да ја покаже големата сила што се криела илјадници години.
Тогаш сите ќе се изјаснуваат и чуствуваат Македонци, па дури и црнците од Африка, Кинезите и Индијанците во Америка. Македонија ќе постане центар на светот и сите ќе доаѓаат на аџилак кај Нас. Смислата на животот ќе се врати со целиот свој сјај и убавина.
Која ќе биде улогата и силата на Америка со ЕУ и НАТО во тие моменти е сосема небитно и ќе бидат исплукани од сите. Со гаранција ќе пробаат да се завртат но ќе биде прекасно.
За муртинскиот Јуда и неговата криминална филијала СДСМ ќе нема место. Тоа што си посадија и тоа ќе си жнеат.
Бидете сигурни дека тој момент ќе дојде многу брзо. Што е најважно, гробот негов е во нашиот дел и тука нема никакви дилеми. Има уште многу други изненадувања од нашиот дел но најважно ќе биде останати книги на Македонски јазик, лесно разбирлив за Нас и разочарувачки за грците и Бејловци.
За крај, кога ќе се открие и Македонската религија од тоа време и кога ќе ја споредите со Христијанската па кога ќе заклучите сите и целиот свет дека нема никаква разлика само други имиња … тогаш ќе правиме муабет. До тогаш, треба да спомнуваме почесто – КАДЕ Е АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, НИ ТРЕБА САМО ГРОБОТ НЕГОВ ДА ГО ПОКАЖЕМЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ И РАБОТИТЕ ДА СИ ДОЈДАТ НА СВОЕ МЕСТО.