Коментари

Од секогаш имало Македонија и македонски дух!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Има, и фактички секогаш имало Македонија и македонски дух. Географски Македонија има своја целост. Нејзините граници се: на југ – Олимп, планините на северниот брег од реката Бистрица, Преспанското и Охридското Езеро; на запад – Дрим дури зад Дебар; на северозапад и север – Планината Шар, височините на север од Скопје, Кумановскиот проод, планините што ја означуваат бугарско српската граница од пред 1912 година; на исток – Родопите. Од оваа страна границата со Тракија не е јасна. Областите на Драма и Кавала можат да бидат придадени кон Македонија или да бидат одделени од неа..“ – пишува во 1916 г. во својот извештај за „Иднината Балканот“ и Македонија францускиот разузнувач Рене Пикар.

Во текот на Првата светска војна интересот на големите сили и на балканските држави за Македонија особено беше зголемен. Овој интерес е разбирлив, меѓудругото и поради тоа што главното војувалиште на Балканот се протегаше на територијата на Македонија.

Француското Второ биро – всушност разузнавачката служба на француската војска – се интересираше за се што се случува на фронтот, па и меѓу населението во Македонија. По престој од десетина месеци на Македонскиот фронт, Рене Пикар, секако еден од експертите по македонското прашање, составува писмен концепт за „Иднината на Балканот”, во кој посебно истакнува дека Автономна Македонија е единствено решение за македонскиот проблем.

Во својот извештај од 20 јули 1916 година до француското Министерство за војна, францускиот разузнувач и експерт за македонското прашање Рене Пикар за Балканот и иднината на Македонија ќе напише:

Идејата на македонската автономија им е блиска на сите оние што ја познаваат балканската историја и политика. Ако се обидеме да ги прашаме христијаните од Македонија, би ни одговориле дека автономијата е за нив најпожелното решение.

Има и фактички секогаш имало Македонија и македонски дух. Географски Македонија има своја целост. Нејзините граници се: на југ – Олимп, планините на северниот брег од реката Бистрица, Преспанското и Охридското Езеро; на запад – Дрим дури зад Дебар; на северозапад и север – Планината Шар, височините на север од Скопје, Кумановскиот проод, планините што ја означуваат бугарско српската граница од пред 1912 година; на исток – Родопите. Од оваа страна границата со Тракија не е јасна. Областите на Драма и Кавала можат да бидат придадени кон Македонија или да бидат одделени од неа; Драмската рамнина е населена предимно со Турци; градот Кавала, како сите пристаништа, има силна грчка колонија. На југ Халкидичкиот Полуостров во географски поглед е македонски во етнички поглед тој е грчки; линијата од езера го дели со една природна граница од останатиот дел на Македонија.

Во овие граници Македонија ги има природните полиња на Скопје, Битола, Велес, Серез, Драма и на Солун, со планините што ги одделуваат и тесните долини што ги поврзуваат. Христијанското селско население е словенско. Познато е дека тоа не е наполно бугарско, макар и да се приближува повеќе кон Бугарите, ниту наполно српско. Самите Бугари признаваат дека Македонците се разликуваат од другите Бугари со тоа што се тие со пожив дух, повеќе се запалени со политика и интриги и повеќе склони кон ораторство и уметност, исто така се поитри, со еден збор тие се по малку елинизирани. Во Софија македонските политичари се опасни; многумина Бугари од стара Бугарија со задоволство би дочекале македонските Бугари да се вратат во Македонија. Тие ги обвинуваат дека им ограбуваат се, служби и привилегии. Мнозина од Балканците се на мислење дека на Балканот не ќе има мир и стабилност се додека не се создаде една автономна Македонија. Во секој случај, веројатно е дека создавањето на една автономна Македонија би придонесло бргу да се развие македонски патриотизам и дух.

Автономијата на Македонија и создавањето на една балканска федерација ќе има најпредани приврзаници меѓу луѓето во Солун, особено еврејското мнозинство од населението. Анексијата кон Грција беше за нив една пропаст. Солун беше особено важно пристаниште, од каде што австро-германските производи дојдени од Трст се разнесуваат по целиот Полуостров; новата граница, која го дели Солун од неговата заднина, му нанесе стравотен удар. Грците, кои имаат веќе други пристаништа, не се во состојба да го издигнат Солун. Географската положба на Солун, на излезот на големиот природен пат од Дунав до Егејско Море, преку Ниш, чини ова пристаниште секогаш да има важно економско значење, а тоа ќе му обезбеди и соодветно политичко значење. Може да се тврди дека: или никогаш не ќе има балканска федерација, или дека Солун ќе биде во неа во исто време пристаниште, економски и интелектуален центар. Мошне добро би се согледал во иднината Солун како слободен град, престолнина на автономна Македонија и центар на балканската федерација.

Да се поседува една толку важна точка, макар и провизорно и чекајќи да се уредат сите балкански прашања и да се зацврсти новиот статус на Полуостровот, за сојузниците тоа би било значајна предност. Тие би имале со тоа едно средство за притисок врз своите пријатели од секаков вид, како и врз своите непријатели. По нашата победа ние ќе имаме многу пријатели и точно во тој момент треба да се чуваме од нив.

Што ќе се случи со Македонија – целиот балкански проблем е вотоа?(Рсне Пикар /Rene Picard/Les Archives du Ministere des affaires etrangeres (Paris). Guerre 1914 – 1918, Balkans, Dossier generale, рр. 138-165.)

Во овој документ францускиот експерт за македонското прашање Рене Пикар предлага по војната создавање на Автономна Македонија во нејзините природни граници. Фактот дека Македонија била поделена за време на Балканските војни меѓу Србија, Бугарија и Грција, тој не го смета за важен, бидејќи Бугарите биле во противничкиот сојуз, Грција се однесувала непријателски кон фрнацуските сили и бара повлекување на сојузничките сили од земјата, а со своите српски сојузници французите лесно би се договориле со компензација.

Овој документ од огромна важност за Македонија, за кој малку се говори и се користи во разговорите за спорот со името.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје 1981 г., стр. 587 – 588)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top