Коментари

Андартски акција со паролата да не остане Македонец во Македонија продолжи со истата крвожедност!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Подготвил: Т.Каранфилов

„Меродавниот руски весник го објасни движењето во Бугарија со активностите на грчките чети во Македонија, потсетувајќи на неодамнешните зборови на еден оратор во англискиот парламентот “Јас нема да набројувам грчките ѕверства во Македонија, бидејќи би било нужно да се отстрани публиката и да се зборува зад затворени врати “. – пишува македонскиот револуционер, публицист и историчар Христо Силјанов.

Антигрчкото движење во Бугарија кое се појави како резултат на масакрите на грчката вооружена пропаганда во Македонија и доведе до крвави судири меѓу македонските емигранти и бугарските граѓани од една страна и Грците и грчките поданици  од друга страна во 1906 година во Бугарија, најде одглас во европскиот и балканскиот печат. Осврнувајќи на одзивот за овие настани во странскиот печат, авторот Силјанов во своето дело  „Ослободителните борби во Македонија – Противгрчко движење во Бугарија“, ќе забележи:  

„Антигрчките бранувања во Кнежевството имал различен одек во странство. Најтенденциозни беа коментарите во австрискиот печат. N. Pr. Presse (1. VIII. 1906) обраќајќи наопаку зборовите на Гладстон, напиша дека сега злосторствата се вршат не “над бугарите, туку од бугарите”. Официјалниот Fremdeblat го искористи случајот за да ја истакне опасноста од автономијата (се мисли на Македонија – н.з), ако таа би се остварила: “Слободата на новата политичка формација ќе биде, по секоја веројатност, слобода за меѓусебни убиства”. Истата песна ги зафати и германските весници. Koelnische Zeitung напиша: “Последните настани покажуваат дека автономијата ќе има за последица една ужасна граѓанска војна“. Но осудувајќи ги бугарите, германскиот печат дури не ја одмина и главната причина на новиот конфликт: “треба не само на Бугарија да и се напомнат нејзините обврски, – напиша N. Pr. Presse во поменатиот веќе напис – но треба, и уште посериозно да се даде на атинското влада да разбере дека е недозволив нејзиниот однос спрема грчките чети во Македонија. Во интерес на силите реформатори е да се вразумат овие изродени потомци на Леонид и Алкивиад, како и другите балкански држави“.

Западно-европскиот печат, со исклучок на неколку поткупени од Грците француски весници, за Грција напишаа исти напомени. Правилни осуди дадоа Temps, Radical, Times и многу други весници. “Тајмс” го објави писмото на грчкиот државен министер, но му посвети цела статијата, во која, истакнувајќи ја потребата за поправилна поделба на одговорностите, пишува дека “инвазијата на грчките чети беше најголемо зло за тој и без тоа вознемирен регион“.

Рускиот печат, зафатен со внатрешно револуционерно бунтување, релативно малку се занимаваше со настаните во Бугарија. Силен впечаток направија две статии на „Новое Время” (16. и 19. VII. 1906) за противогрчкото движење од славјанско гледиште. Меродавниот руски весник го објасни движењето во Бугарија со активностите на грчките чети во Македонија, потсетувајќи на неодамнешните зборови на еден оратор во англискиот парламентот “Јас нема да набројувам грчките ѕверства во Македонија, бидејќи би било нужно да се отстрани публиката и да се зборува зад затворени врати “.

Неколку зборови и одраз на грчките немири во балканските земји. Во Атина се одржаа протесни митинзи и се отслужи панихида за загинатите Анхиалци. Во печатот Бугарите се прествуваа како варвари. Голем број луѓе се собраа во пристаништето Пиреа за да го нападнат паробродот “Борис“, но капетанот имаше храброст да ги растовари набрзина патниците и стоката надвор од пристаништето и да си замине.

Во Србија повеќето од весниците се ограничија со хроники за несреќата, но придржувајќи се за преувеличените соопштенија на некои од опозициските весници – не за официјално установените податоци. Некои органи ги заштитуваа Грците од “бугарските зверства”, а во “Търговински гласникъ” се појави една дипломатска дописка, напишана во тамошнот турско дипломатско преставништво. Пишувачот, веќе делејќи ја Македонија меѓу своите соседи, предвидуваше опасност од бугарскиот режим во оној дел кој би се остапил на Бугарија. Дописникот го негираше правото на слободните Бугари да се бунтуваат против грчките зверства во Македонија, бидејќи таму скитаат и бугарски чети. Тука далекувидниот дипломат од Цариград индиректно го бранеше делото на српската воена пропаганда во Македонија.“

Во сето ова, предупредува авторот, дописникот како да заборавил дека четите во Бугарија беа формирани од луѓе родени во Македонија, (Македонци – н.з) кои се бореа за слобода на својата земја, додека пак грчките чети беа формирани од платеници кои доаѓаат од Грција.

Споредувајќи ги настаните во Бугарија и Романија, Силјанов ќе потенцира дека  на 13 август 1906 година, после Анхиалските настани и сенародниот Пловдивски митинг, се оддржал голем противогрчки митинг во романскиот град Галац, при што настрадале голем број грчки продавници и околу 50 Грци. Иако, како што пренесува авторот, после истрагата на романското влада бил отпуштен градоначалникот на Галац зашто не презел мерки за да спречи извршените насилства над Грците, веќе следната недела пак се случил противогрчки митинг по иницијатива на Комитетот на македонските студенти (македоно-Романи). Силјанов за реакцијата на Романија ќе ја забележи:  

„Во Романија, каде, наспроти законските репресивни мерки на владата, се појави порано противогрчко движење и се изрази во гнев, не помал отколку во Бугарија (со исклучок на Анхиалската катастрофа, се разбира), општеството се однесуваше со симпатии кон движењето. Особено силен впечаток направија и беа репродуцирани во европскиот печат изјавите на Ал. Лаховари, романскиот полномошен м-р во Виена, пред N. Pr. Прес (24 јуни 1906). Одличен познавач на меѓународните расправии во Турција (како бивш долгогодишен претставник на Романија во Цариград) Лаховари, споредувајќи го фенерското духовништво со бугарското, ликот на грчкото андарство со бугарското четништво “грчката безумност ” со “бугарската умереност”, романскиот дипломат ќе изјави: “Најопасен и најодвратен агент на панелинистическата пропаганда е грчкото духовништво, кое зависи од Патријаршијата“.

Во однос на однесувањето на Османската империја, поради обвинувањата за соработка со грчката вооружена пропаганда во Македонија и настаните во Бугарија, како и за однесувањето на големите сили на барањето на Вселенскиот патријарх да се вмешаат во овој спор, Силјанов вели:

„Портата сметаше за благоразумно да не се меша во грчко-бугарскиот конфликт, колку и да се чувствуваше погодена од тоа дека Бугарите во резолуциите на митинзите, како и во своите весници, на прво место ја сметаа турската влада за одговорна за крвавата анархија во Македонија и ја потенцираа недоволната реформа. На молбите, кои после инцидентите во Пловдив патриархот ги упати кон власта за застапништвото во Софија, првиот секретар Таксим паша одговори, од името на Султанот дека турската влада смета за непријатно да се меша, зашто Бугарите се наоѓаат во легална самоодбрана и дека нивните репресалии се предизвикани од дејствата на грчките чети, кои се поддржани од грчката црква и владата на грчкиот крал. По анхиалските настани, Големиот везир Фери Паша одби да прифати делегација од Анхијалските бегалци кои му ги испрати Патријаршијата.

Големите сили особено не се грижеа за молбата на Патријархот, ниту за неговиот познат мемоар. Знаејќи дека една официјална интервенција во Софија би предизвикала од бугарска страна контра-жалби и контра-барања, кои уште повеќе би компликувале ситуацијата, владите на Великите сили препоставија да апстинираат во овој спор. Колку за член на 5 од Берлинскиот договор, околу чие прекршување Патријаршијата потроши толку многу красноречие во својот мемоар, Силите ниту помислија за него. Амбасадите во Цариград одговорија на Патријаршијата дека таа нема што да очекува од Силите, зашто настаните во Бугарија се последица на злодела извршени од грчките чети во Македонија и одговор на грчкото духовништво, што дејствува здушно со грчките разбојници.

Сè на сè, Патријаршијата речиси никогаш не била толку изолирана и беспомошна.“ – пишува Х. Силјанов

По настаните голем број грчки првенци се иселија и грчкото малцинство во Бугарија се лиши од своите најенергични и најпредани на еленистичката национална идеја водачи. Грчката маса во Кнежевството се помири постепено со новата положба и почна да се просветува на бугарски. Со ова беше, до одреден степен. разрешена еден не малку важен проблем од бугарско државно гледиште.  Со оглед, сепак, на побудата, која му даде морален и идеен потик, противогрчкото движење не ја постигна саканата цел. Андартски акција со слоганот да не остане (Македонец – н.з) во Македонија продолжи со истата крвожедност.

(продолжува)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top