Коментари

Удри братучед по сите нас што ќе го извадиме сонцето од Вергина

М-р Мартина Антиќ

Колумна на Мартина Антиќ: Удри бе братучед, удри

Фрли солзавец и димна бомба на секој слог од извикот Ма-ке-до-ни-ја. Удрете по македонецот што го крева својот глас поради срамната продажба на сé она што е македонско, име, идентитет, историја, јазик…

Удри братучед по сите нас што ќе го извадиме сонцето од Вергина, влезете по сите домови кои ќе го истакнат ова знаме на својот балкон, на својата тераса. Удрете по нас и кога ќе се нарекуваме Македонци, а не северомакедонци, таман долго најавуваниот попис ќе ви биде од корист за да не преброите точно колку македонци сме, кои сме и што сме. Изградете посебно крило по затворите за сите нас што нема да ви го почитуваме договорот, за сите нас што ќе се декларираме како Македонци.

Нашите предци преживеале многу погроми и егозуси, ќе го преживееме и ние овој етноцид и насилната асимилација оркестрирана од големите сили, а во изведба на својот ближен – од нас самите од нашата Влада.

Колку и да е агресивна кампањата која ја спроведувате, историјата се засновува на факти, а фактите се дека Заев и неговата Влада прифатија срамна капитулација, прифатија самоукинување на сопствениот народ. Го завршија започнатото од Втората Балканска Војна кога со Букурешкиот договор го поделија ова парче земја помеѓу Грција, Бугарија, Србија и Албанија. Го завршија егзодусот на македонското малцинство започнато од Грција уште со Грчката граѓанска војна, со тоа што самите се откажаа од Македонците кои што живеат не само во Грција туку и секаде во светот, а најголемата иронија е што парафот за тоа го стави Димитров кој има егејско потекло.

И колку и да се трудите поразот да го претставите како победа, дека еве сега конечно Македонија ќе тргне напред, ќе се појават виножита и розеви еднорози и сите ќе живееме среќно и весело за секогаш до крајот на светот и векот суровата реалност е дека ништо од тоа нема да се случи. Нема да бидеме побогати, нема во догледно време да добиеме препорака за отпочнување на преговори за влез во ЕУ, нема да добиеме 500 евра плата итн. Она што е извесно дека ќе се случи е дека Македонија односно втората страна ќе си го испочитува својот дел од Договорот, ќе смени Устав, пасоши, лични карти, дипломи, ќе ревидира историја односно ќе ги исполни сите точки на договорот и таман ќе дојде време Грција да го ратификува Договорот и да удри мур, ќе имаме дигање на рачна, ќе имаме неприфаќање на договореното од страна на некоја идна Влада на Грција, како што веќе впрочем Каменос од Неа Демократија најави.

Со оглед на тоа што според напишаното во Договорот спорот не е затворен и решен, треба да очекуваме дека и понатаму ќе имаме сопки затоа што тогаш ќе смета Македонија во називот Северна Македонија, фамозно сочуван идентитет Македонец/граѓанин на Северна Македонија исто така ќе биде пречка за наше интегрирање во ЕУ или кај се не па ќе се најдеме во ситуација некој нов Заев да преговора и договара како да станеме Централна Балканска Република и тоа да го прикаже како уште голем победа на македонскиот народ на патот на космополитизмот.

Затоа удри братучед, удри и појако ако треба ама ние никогаш нема да се откажеме од Македонија и македонизмот. Македонија била, е и ќе биде.

https://bukefal.club/2018/06/18/kolumna-na-martina-antik-udri-bratuched-udri/

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top