Коментари

Македонија како слуга сеуште чека во предворјето на Брисел

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Сменете го името ако сакате да станете член на ЕУ и НАТО!

И покрај нелегитимно потпишаната спогодбата со Грција, со која македонската влада предводена од Зоран Заев, се согласи земјата да се преименува во Република Северна Македонија за свекупна употреба, македонската држава повторно доби само ветувања и условувања за евроатланските интеграции.

Пораката е иста – сменете го името ако сакате да станете член на ЕУ и НАТО!

Во контекст на разрешувањето на македонското прашање со прифаќање на промена на името, во континуитет од страна на разни странски политичари доаѓаат секакви совети со најубави желби, со ветувања на подобра иднинина, но и со интриги, закани и пречки по иднината на македонскиот народ и неговата држава. Во такви услови, во добро или во зло, Македонците повторно се поделени и дури сега на своја кожа ќе почуствуваат колку е погубна поделбата кога земјата е уценета и се газат вековните идеали.  

Македонија одавна се има изјаснато за своето име, идентитет, но и за евроатланските интеграции.

Македонската држава го поддржа НАТО за време на Косовската криза во 1999 година, кога згрижи повеќе 360.000 бегалци на својата територија, а нејзините војници потоа учествуваа во повеќе мировни мисии на НАТО во Босна, Ирак, Авганистан и Либан.

Како “благодарност“ за својата посветеност и успешност во извршувањето на мировните мисии, Македонија како слуга сеуште чека во предворјето на Брисел. НАТО не само што сеуште не ја има примено земјата како полноправна членка, туку дури и ја уценува со промена на името.

И додека македонските војници ги рескираат своите животи во рамките на НАТО мисиите, поради условното вето на нејзината членка Грција заради името, во Македонија се случуваат политички кризи, немири, протести, судири на полицијата со народот кој е против понижувачкото барање за промена на името и идентитетот.

Македонија и е потребна на НАТО за да го заокружи јужното крило на Балканот. Но заради противењето на Грција таа да биде примена под уставно име или референцата, како и поради противењето на мнозинскиот народ. како ќе се одвиваат идните фази на покорување на Македонија, тешко е да се каже, но секако нема да биде пријатна фикција.

Сосема видливо е дека на Македонија и престои долго топло лето и бурна есен, во кој македонските бескичмењаци ќе ползат и ќе се лигават пред центрите на моќ. Само за да влезат во НАТО ќе ја свиткаат кичмата и ќе им ги бацуваат петиците на челните луѓе на ЕУ и НАТО, кои патем се на трансфер листа поради блиските избори!?   

Согледувајќи дека ни инсталираната марионетска власт во Македонија нема да може да го смири македонскиот народ поради промена на името, дека референдумот нема да им помине, центрите на моќ веќе размислуваат не само да го помогнат иселување на Македонците од земјата, туку и за трајно населување на бегалци и емигранти во Македонија, се со цел мнозинскиот македонски народ да стане граѓанин од втор ред.

Инаку иселувањето се прави суптилно подолго време. Со континуирано задолжување на власта и намален економски развој, вештачки ќе се одржува сиромаштијата во земјата, што ќе потикне нов бран на иселување, особено на младиот стручен кадар, а на местото на младите интелектуалци, со договор на актуелната власт и меѓународната заедница во земјата ќе се прими дел од бегалците и мигрантите од западните земји кои не го поминале нивниот филтер (не е соодветен кадар).

Ако Македонците го дозволат ова, неминовно ќе дојде до промена на Уставот со кој ќе му се одземе правото на Македонците на сопствена држава, а тогаш со истата може да се прави што се сака, од поделба до прекрстување, по теркот на Грција и Западот. На овој начин, како што во минатото направија во Егејскиот дел од Македонија, тие денес размислуваат да ја покорат земјата, а со тоа да ја смират Грција и западниот свет еднаш за секогаш од тие македонски истории.  

Секој обид на преостанатите Македонци, модерни робови, да го кренат својот глас ќе бидат спречени и санкционирани од т.н. независно судство. Доколку, пак, по некое чудо, некоја меѓународна институција или хуманитарно здружение би направиле обид да го кренат својот глас во корист на угнетените Македонци или, што би било уште поголемо чудо, да направат анкета во врска со ситуацијата во Македонија, нема има никаков резултат, поради пречките од страна на центрите на моќ.

Истовремено Македонија ќе биде подложена на пропаганда со која ќе се докажува потребата од промена на името поради економски и стратегиски побуди, поради мултиетничност на земјата, а  надмудрувањата нема да имаат крај.

За неупатените овие прашања ќе изгледаат скоро неразрешливи; такви ќе бидат и за оние што ќе го изгубат јасниот поглед пред безбројните насилства, интриги и фалсификати. За граѓаните што нема да се трудат да ги откријат причините за непромисленоста на оваа влст, како и за тие што немаат навика да ја видат суштината на проблемот врз така угнетената Македонија, тие песимистички 6и ги кренале рамењата во знак дека е невозможно таква земја да биде самостојна, дека таа воопшто не е способна да живее слободно.

Меѓутоа, македонскиот народ има поминато низ многу тешкотии, низ многу историски бури и преживеал. Тој ќе ја преживеа и оваа бура, а Македонија и македонскиот народ повторно како феникс ќе се појават со своето име и историја на историската сцена.

Без разлика на интригите, притисоците и заканите кои се вршат врз народот, ниту, Грција, ниту меѓународната заедница, ниту пак актуелната власт на чело со Зоран Заев, може да го преименува македонскиот народ, неговиот идентитет и да ја избрише неговата историја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top