На прво место

Колку се радуваат на неуспех за Македонија што никој не им кажал дека утре е 1 јуни!

Македонска Нација

Македонска Нација

Наместо да навиваат за успех на државата, во СДС повторно гледаат политичка шанса во секој можен неуспех на Македонија.

СДС триумфално соопштува дека истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го поставил за исполнување на точките од Реформската агенда до 1 јуни.

Наместо да ги интересира дали Македонија ќе добие нови европски средства, дали ќе се реализираат важни реформи и дали државата ќе напредува, нивната главна желба е да докажат дека Македонија не успеала.

Толку многу една опозициска партија да работи против сопствената држава ретко може да се сретне било каде во светот. Наместо да се радува на секој успех на Македонија, СДС со нетрпение го чека секој можен неуспех за потоа политички да профитира од него.

Уште почудно е што понекогаш изгледа како повеќе да се грижат за интересите на источниот сосед отколку за интересите на сопствената држава. Во својот политички занес, како да забораваат дека се опозиција во Македонија, а не влада во Бугарија.

Во Македонија им смета Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Им сметаат новинарите кои не ја следат нивната политичка матрица. Им смета секој поранешен функционер кој ќе се осмели да им каже дека вака не се води политика и дека вака не се добива довербата на граѓаните. Наместо самокритика, тие веднаш лепат етикети – предавници, платеници, соработници на власта.

Постои една стара народна мудрост: Кога еден човек ќе ти каже дека грешиш, можеш да мислиш дека не е во право. Кога втор ќе ти го повтори истото, веќе треба да се замислиш. Но кога трет, четврт и петти човек ќе ти укажуваат на истите грешки, тогаш проблемот можеби не е кај сите други, туку кај тебе и ти треба психијатар.

Токму тоа денес му се случува на СДС. Пораз на парламентарни избори, пораз на претседателски избори, пораз на локални избори, катастрофални анкети, пад на довербата кај граѓаните и незадоволство дури и во сопствените редови. Наместо сериозна анализа зошто народот ги казни, тие продолжуваат по истиот пат.

Како да постои политичка стратегија според која неуспехот на Македонија треба да стане успех на СДС. Но тоа е опасна и погрешна логика. Ниту една политичка партија не може да гради иднина врз желбата сопствената држава да не успее.

Граѓаните одамна ја препознаваат таа политика. Затоа и довербата кон СДС продолжува да паѓа. Наместо да нудат визија, тие нудат песимизам. Наместо надеж, тие нудат критика за сè и за секого. Наместо државни интереси, премногу често оставаат впечаток дека работат според туѓи агенди.

Најтажно од сè е што кај нив речиси никогаш не може да се забележи радост кога Македонија постигнува успех.

Ако Владата обезбеди инвестиција – тие бараат причина зошто тоа не е добро.

Ако се отвори нова фабрика – тие бараат недостатоци.

Ако Македонија добие позитивни оценки или поддршка од меѓународни партнери – тие веднаш бараат начин да ја омаловажат веста.

И додека денес со нетрпение го чекаат наводниот неуспех на Владата, изгледа никој не им кажал дека утре е 1 јуни. Ден кога граѓаните повторно ќе се разбудат во својата Македонија, ќе ги решаваат своите секојдневни предизвици и ќе ја градат иднината на својата држава. Македонија ќе продолжи да оди напред, со или без поддршката на Филипче и СДС.

Затоа вистинското прашање не е дали Владата исполнила одреден рок. Вистинското прашање е кога СДС конечно ќе почне да се радува на успехот на Македонија исто толку силно колку што денес се радува на секој нејзин можен неуспех. Затоа што државата не е партија, а успехот на Македонија треба да биде заедничка цел на сите, без разлика дали се на власт или во опозиција.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top