Коментари

Премиерот Заев е вистински патолошки лажго

Dusan Ristevski

Dusan RistevskiДушан Ристевски – Македон

СЛЕПЕЦ ГИ ВОДИ СЛЕПЦИТЕ ВО АМБИС

Премиерот Заев е вистински патолошки лажго кој успеа за само една година да изнамалипулира политичари и јавност – секако во корист на Грција и НАТО, ОН и ЕУ.

Изгуби на изборите, се јави со лажни претензии да ги задоволи апетитите на големо-Албанците и состави влада, во собранието за претседател постави екс-терорист и се впушти во хајка да се менува се што е Македонско и да го запечати „договорот“ со Атињаните за уништување на македонската нација, божем за некаков влез во Европа и Алијансата.

Парламентот, воглавно составен од немакедонци кои сигурно добија големо мито за едногласно да се ратификува договорот на СРАМОТ, гласаа со АМИН.

Патологијата се гледа повторно, манипулира со прашањето за референдумот: става три прашања (ЕУ, НАТО, ДОГОВОР) во едно, да не биде еднозначно само за да направи конфузија со ИЛИ – ИЛИ.

Значи ги прави Македонците глупави. Да гласаш со ЗА (се уништуваш како нација), да гласаш со НЕ (ти прети дека ќе се уништеш како нација, божем немало иднина). Значи слепецот им ветува на другите слепци, кои се зад него и го следат, дека тој божем гледа каде оди, а веќе пред него има амбис од кој нема излез или враќање.

Јамката која Заев ни ја стегнал околу вратот е видлива но луѓето се во дилема, дали да скокнат САМИТЕ или да бидат ТУРНАТИ за да се заврши чинот на бесењето. Знам – и Ѓаволот имал мајка.

Доколку луѓето кои ќе гласаат со ЗА се толку глупави (како и водачот) и не гледаат какви се последиците за нашата нација, тогаш стварно сме биле глупава нација – па и не заслужуваме да имаме држава.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top