Коментари

Оружјето не знае за етнички исклучоци

Љубомир Цуцуливски

РАДИКАЛНИ ЕГОИСТИ И СОЛИПСИСТИ.

Кога албанските политички лидери одлучно тврдтат дека ако резултатите од Референдумот нема да бидат според нивниот ќеиф (влез во НАТО) и дека во таков случај не можат да ја гарантираат стабилноста на Државата, ниту лојалноста на етничките Албанци кон Република Македонија, всушност кажуваат кој ќе ја предизвика дестабилизацијата.

Тоа, според нив, би биле етничките Албанци, неводејќи сметка дека во македонската држава не постојат само Албанци и дека во неа постојат различни интереси (како и меѓу самите Албанци) и дека сите интереси (чии и да се) мораат еднакво да се почитуваат, а не да се оди со радикализираната теза „Или сѐ ќе биде по мое или сѐ ќе отиде…“

Вака може да размислуваат единствено луѓе кои се несоцијализирани и без чувство за постоењето на другите. Значи, кои се радикални егоисти и солипсисти.

Од друга страна, тврдејќи дека не можат да ја гарантираат лојалноста на македонските Албанци (изјава на Исмет Рамадани) Албанците ги третираат како несвесна и послушна маса, која е нивна сопственост и која на секој нивен повик позитивно ќе одговори.

Од трета страна, овие лидери (ако воопшто се тоа) не водат сметка дека ако дојде до немири и евентуални судири, тогаш во нив нема да бидат вклучени само некои. Во тој случај, ќе страдаат сите – и Македонците, и Албанците, и Србите, и Турците, и Власите, и Ромите…, бидејќи оружјето не знае за етнички исклучоци и тоа треба да им го кажат на „своте“ Албанци. Односно, овие лидери треба да научат дека силата/насилието само сила/насилие раѓа и дека тоа не знае за исклучоци.

И, конечно, треба да го прочитаат барем Хераклит, кој со презир гледал на оние кои мислеле дека од крвта со крв можат да се очистат, бидејќи тоа е исто како да се мисли дека од насилието со насилие може да се ослободат.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top