Коментари

Македонскиот народ мора да го бојкотира референдумот!

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Македонија во своите природни етнички и геопграфски граници не се разликува многу по територија од државата на Филип Втори, таткото на Александар Македонски. Од секогаш самото месно население, и соседните народи ја означуваат оваа област со името Македонија, знаејќи, притоа, точно кои региони спаѓаат во географските и во традиционалните нејзини граници.

Меѓутоа, поделбата на Македонија во Букурешт 1913 година и потврдувањето на поделбата во Париз 1919 година, потоа бришењето на историските вистини за македонскиот народ, укажува дека на многумина на Балканот и во Европа им смета постоењето на Македонците и македонската држава.

Инаку, Македонија во своите природни граници има 67.741 квадратни километри, а тоа значи дека таа доколку би била обединета, би била поголема од следниве европски земји: Швајцарија, која има 41,285 км2, Белгија – 30.528км2. Холандија 41.526 км2, Данска – 43.075 км2, Естонија – 43.432 км2, Литванија – 65.200 км2, Латвија 64.589 км2, Словачка – 49.035 км2, Албанија – 28.748 км2, Луксембург – 2.586 квадратни километри.

Некои од наведените државички имале население незначително побројно од тоа на Македонија, додека кај други населението било помалобројно. Во 1912 година Македонија имаше околу 2,5 милиони население. Од нив околу 1.200.000 биле Македонци, Грци имало околу 190.000, Албанци околу 160.000 и други. Грцитe најмногу живееле во приморските градови и до 1922 година, останува истата бројка, а дури потоа нивниот број се зголемува со доселување на Грци од Турција и Бугарија во Егејскиот дел на Македонија.

Голем дел од европските и балканските земји воопшто ги немаа економските можности што ги имаше Македонија, ниту пак ја имаа нејзината важна географска положба. Иако за голем дел од овие земји се тврдело дека не би можеле да опстанат како самостојни држави, сите тие станаа самостојни, независни држави, а голем дел денес се членки на ЕУ и НАТО. За разлика од нив, Македонија доколку не беше поделена ги имаше сите предуслови да стане една од најзначајните држави не само на Балканот туку и во Европа.

Повеќе од еден век владее уверување кај македонскиот народ дека територијата на Македонија е поделена бидејќи е раскрсница на патиштата кои го поврзуваат исток и запад, север и југ. Исто така, владееше уверување дека правдата кога тогаш ќе стигне. Но, наместо правда, денес, еден век потоа, кога има бројни патишта по земја, вода и воздух, Македонија повторно се најде на линија на огнот меѓу Истокот и Западот и повторно се зборува за поделба на единственото парче слободна територија Република Македонија која го опфаќа северниот и централниот дел на географска Македонија.

Во тој конфликт, Македонецот е донесен пред тешко искушение. Денес, од него се бара да излезе на референдум за да гласа за промена на името на државата, ако сака да влезе во НАТО и ЕУ. Истовремено, се заплашува дека Албанците ќе бараат да се отцепат доколку референдумот биде неуспешен.

Очигледно е дека сето ова се води во контекст на преговорите меѓу Белград и Приштина, каде се разговара за размена на територии – Северно Косово за Прешевската долина. Иако страните кои се договараат велат, дека нема тука место за стравување, Македонија по се изгледа повторно е монета за поткусурување.

Жалостен е фактот дека македонскиот народ кој толку многу му дал на светот и кој толку многу страдал во историјата, иако секогаш на страна на правдата, и денес е изложен на понижување и уценување од НАТО и ЕУ.

Во немање на достојни челници во власта кои знаат да ги бранат интересите на Македонците, македонскиот народ мора да ги преземе работите во свои раце и на мирен начин да го спречи разнебитувањето на Македонија, односно да го бојкотира референдумот.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top