Култура и туризам

Еванѓелие по Јоана – Кониково, Беломорска Македонија 18 век (трет дел)

p001

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите…

ЧИТВАРТУК. На Вознесение.
Еваѓелие Утрени, Воскресно, 3.
На Литургии.
От Луки.

На тоа времи кога војскресна Исус ут м’ртфите. Застана пусреде на Учениците му, и му веле: мир на вас. И кату да са уплашиа мосне и да са путресат, му са чинеши да гледат Дух. И му веле: зашто сте [стр.035] сигисани? И зашто помисли са качуват на сарцата ви? Видејте раците ми и нозите ми: оти сам Јазе сам: фатејти ма? И видејте ма зашто Духут снага и коски нема как гледати мене дека имам. И ка рече воа, му пукажа раците и нозите. И кату да не веруваа ошти ут радуста му, и да са чудат, му рече: имати ли нешту за јадени тука. И они му дадоа идин кумат риба печена, и пита ут мет. И зима прет них и јаде, и му рече: вие са тие што ви збурувах, ошти кога бех сос вас, оти как требува да са испалнат тие сите што са написани на законут Мојсеуф, и на Профититу, и на псалмиту зарди мене. Тогај му утфори умут му да расберат Писаниету. И му рече: оти така е написану: и така требуваше да пати Ристос: и третиут ден да војскрени ут мертвите. И да са пруповеда на имито му покајание и оставление на грехувите на [стр.036] сите јазици, ка зафати ут Jерусалим. И вие сте мартире на вие. И ету, Јази дека пуштам таксуваниту на Татку ми на вас, и вие сидејте уф Градут Jерусалим, дури да са ублечите сила утусгоре. И исвади надвор дури на Витаниа, и си крена раците и и и благослови. И таму дека он и благословеши, са утдили ут них: и са носеши горе на Небуту. И они ка му са пуклониа, са варнаа на Jерусалим сос радус гулема. И са наодеа уф Царквата, пееа и благуславеа Бога, Амин.

НЕДЕЛЈУ. 7. Сфетих. Отец.
Еваѓелие Утрени. Воскресно, 5.
На Литургии.
От Јоана

На тоа времи, Кренна Исус очите му на Небуту, и рече: о Татко, дујде саатут, Прослави Син ти, и да та пруслави и Син ти. Ка [стр.037] му даде пувелја на сека снага, да даде живот вечни на сите колку му даде. Воа е животут вечниут, да пузнават тебе самиут истинцкиут Бог, и тоа што пушти Исус Ристос. ЈАзи та пруславих на земљата, работата што ми даде да чинам ја сфарших. И сега о Татко, ти ма прослави при тебе славата, дека имах уф тебе понапрет дури не са чини сфетут. Јавих имито ти на тие људе дека ми даде ут Сфетут: тфои беа, и ми даде, и чуваа лакардиата ти. Сега пузнаа зашто лакардиите што ми даде, му дадох, и они и зеа, и пузнаа истина, зашто ут тебе испаннах, и веруваа зашто ти ма пушти. Јази зарди вие са молам, не зарди Сфетут са молам, ами зарди тие што ми даде, зашто са тфои. И мојте сите тфои са, и тфоите, мои: и са пруславих уф них. И не сам веки на Сфетут са молам, ами вие са [стр.038] на Сфетут, и Јази идам на тебе. Татко Сфети, чувај уф имито ти, тие што ми и даде, да са идно кату и ние. Кога бех сос них на Сфетут, Јази и чувах уф имито ти: тие дека ми и даде и чувах, и никуј ут них не загина, салде Синут на загинатиту, даса исполни Писаниету. Ами сега идам на тебе, и зпурувам вие на Сфетут, да имат радуста моета сфарсена на них.

На Утрени. Сфетоју Пентикостију.
От Иоана.

Ка замракна убо на тоа ден правниут ут Седмицата, беа вратите затфорени, таму дека беа Учениците собрани зарди страхут Jудејцки, дујде Исус и застана пусреде, и му веле: мир на вас. И ка рече ваа лакардиа, му пукажа раците му и ребруто му, и Учениците са зарадуваа ка видоа Госпуда. [стр.039] И Исус пак му рече: мир на вас: как ма пушти Татку, и Јази пуштам вас. И ка рече воа, дујна на них: и рече, зимајте Дух Сфети. И на когу грехувите простите, са прустени: и на когу заприте са запрени.

(продолжува)

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top