Коментари

Тие би биле задоволни и ако на гласањето излезеше и САМО ЕДЕН гласач

macedonian-referendum

macedonian-referendum

Владимир Павлески

Многу е чудно како владејачката гарнитура го прогласува референдумот за успешен, а не е постигнат законскиот цензус од 50% плус еден гласач. Настрана што тие сами ги броеле гласовите ЗА и Против, како и фактот дека инфлагранти се фатени со полнење на гласачките кутии со “Македонскиот автобус“.

Ако тие се задоволни со 610-те илјади излезени гласачи, прашање е дали таа бројка е цензусот што тие сами си го определуваат.

Прашањето може да се постави и поинаку: дали нивниот цензус можеше да биде и понизок, на пример, 500.000 гласови, 400.000 гласови, 300.000 гласови и така по ред, до теоретски ЕДЕН ГЛАС. Значи, тие би биле задоволни и ако на гласањето излезеше и САМО ЕДЕН гласач. Ова треба да им се објасни.

Но, има едно НО: при нивниот став дека требало да се бројат само тие што излегле на гласање, но не и тие што не излегле, треба да се има предвид дека при кампањата, една јака политичка партија, а денес гледаме дека тоа била коалиција на повеќе партии, како и голем дел интелектуалци, но и невладини организации, повикувале на БОЈКОТ.

Тоа значи дека граѓаните се определиле за ставот за бојкот и не излегле, што значи дека неизлезените стекнале право да се брои НИВНОТО НЕИЗЛЕГУВАЊЕ КАКО ГЛАС ПРОТИВ.Со тоа се оправдува процентот од околу 36% на успешност на референдумот.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top