Коментари

Оставката на Коцијас, дил меѓу Ципрас и Каменос за Преспанскиот договор?!

Слободан ТОМИЌ
ПРОГРАМАТА 3-6-9 И ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЗАВРШИЈА СО 36,9 НА РЕФЕРЕДУМОТ…

Велат договор куќа гради, или со слога татковината јакне! Но, каква куќа и татковина, кога за пуста пара и слава, ем ум се губи ем глава. Македонија е пред голем предизвик и искушение, притисоци и заканите се евидентни… Има ли излез од овој ќорсокак? Џафери не му даде збор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да се обрати од собраниската говорница на народот. Македонскиот парламент беше дом на демократијата? И храм на законот?

За жал, наместо во Парламентот да се чуе гласот на народот и вистината за македонската судбина, има сили кои бегаат од народот, забегаа од народот. Таман пред финалето, дали поради стравот кој лозјето го чува, или страв од “свилен гајтан“ премиерот се одважи со помирување и простување како уцена за ослободување на уставобранителите од 27 април 2017 година во Собранието. После се’ и покрај се’, во светската историја на државите и народите, Македонија и Македонците ќе останат впишани како експеримент на големите сили во кој нивната намера да прекројуваат граници, пишуваат нови истории за територии, менуваат име на народ , држава и јазик не им успеа.

Македонците, после Трамп и Брекзит, удрија печат на почетокот на крајот на “новиот светски поредок“ на корпоративниот глобализам. Македонците сами против светот, ја победија финансовата олигархија олицетворена во Сорос против правата и слободите на државите и народите. И почнува нов свет во кој се втемеливме и како народ и како држава, Македонија и Македонците! Има Македонија и во Бугарија и во Грција и во Србија и во Албанија, ама ние сме државата Македонија! И тоа е тоа! Ние сме Македонците! На географската карта и глобусот на светот има една и единствена ДРЖАВА Македонија! Тоа сме ние! Ни стигнуваа многу протоколи, нон пејпери, на крај преточени во октроирани договори, стокмени преку барата и преку езерото, со иста цел и содржина, со единствена насока, да се избрише мемориската карта на еден народ кој себеси си се нарекува, спознава и самоидентификува за Македонски. Има ли во тоа нешто грешно, спорно или еретички? Да се наречеш, да се викаш и се одзиваш Македонски! Зарем тоа поткрева во светските центри на моќта, ако ти е од Бога дадено? Да се потсетиме и на двата октроирани документи кои ни беа дадени на тацна или на сила стокмени на нашата макдонска трпеза, по секоја цена да ги вкусиме.

Првиот беше наречен “кардиналска сенаса“, а потоа по езерските убавици, охридски и потоа преспански договор. Во нив се’ исто, со ист ракопис и исти архитекти од исти центри. Ни пристигнаа и некои програми, наречени европски и перспективни, под шифра 3-6-9. Вториот постамент, документот Преспанска спогодба создаде бура од реакции и негодувања. Зошто? Едноставно, затоа што е донесен на шверцерски начин и тоа со истиот метод на мигрантите кои сакаат да се сокријат во секакви можни простори и прилики и тоа преку ноќ. Никој да не знае, никој да не чуе. Само еден два или тројца кои од сето тоа дебело ќе се офајдат. Велат една лага повторена десетпати станува вистина. А, вистината за Македонија никој да не ја слушне од самите Македонци: Македонците не сакаат туѓо и немакедонско, освен од Господа даденото. Македонците сакаат и барат да бидат прифатени како факт и како вистина. Но, тоа не може да биде како што “граѓаните“ сакаат, а не народот Македонски сака, туку ајде на референдум. И би референдум и тоа не обврзувачки што создава во старт забуна и негодувања, од плеада експерти, аналитичари и познавачи на правото. Но и натаму инаетот си е инает. Ајде сите и тоа е за уши на референдум. Ѓомити сега ќе видите, ќе дојдат најсилните, тешкашите Меј, Меркел, Курц, Столтенберг и кој се’ не од моќниците на светот, да ни речат, ако сакате да бидете дел од најсилните или најбогатите држави во светот излезете и гласајте на референдумот или со еден збор “самоизбришете се“!

И преку ноќ ќе станете наши парнери. Македонија нагости многу добронамерници, па и најголемите озогласени наши душмани, со единствена цел: да ги избришат Македонија и Македонскиот народ од глобусот на светот и картата на народите. Народот го кажа своето НЕ! За штетен договор наречен Преспански или Спогодбата Димитров-Коѕиас од Нивици, место каде се случила голема трагедија за Македонците кои живееле на тие простори. Кој парадокс, која хипокризија? Оваа Согодба ја пукна тиквата и во самата Грција и меѓу самите Грци, кои на еден недостоен и некултурен начин ја наметнаа со големи закани и потценувања. Пукна тиквата меѓу авторите и архитектите Каменос, Ципрас и Коѕиас. Спогодбата треба да поврзува и обединува, а не да брише мемориски код и мемориска картичка на еден народ. Спогодбата треба да биде јасна, а тоа е да биде сигурна во делот на гаранцијата на нешто што е најсвето – името, идентитетот, јазикот и нацоналното културно наследство. Затоа, оваа спогодба народот на 30 септември или на референдумот јасно ја оцени како Спогодба со ѓаволот кој си го покажа своето лице и бројка 666.748. Самата бројка е бројка на нечестивиот, и секако наспроти најсилното перо на Создателот кој го создаде овој народ Македонски и го спомнува во соето дело познато како Свето писмо Македонија и Македонци, во 16 глава 9 стих.Тоа, ден денес се уште постои и не може никој да го избрише или фалсификува. Да, на 30 септеври 2018 година се слушна Гласот на народот или гласот Божји! Сатаната 666.748 заедно со владината програма 3-6-9 и процентот на “излезеност“ на референдумот 36,9%, преку играта на бројките го запечати почетокот на крајот на таканаречениот “нов светски поредок“ за да завладее основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност меѓу малите и големите, на еднаквите! Македонија – лидерот на тој нов свет на културен глобализам, како шпто великанот на македонското револуционерно движење велеше “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не само како негова лична импресија, туку како експресија на генетскиот код на една стара цивилизација – на Македонската!

Финале: Дали оставката на Коцијас, ќе биде зелената карта за Каменос да застене целосно зад Преспанскиот договор за подршка на Ципрас .Останува да се види…

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top