Коментари

ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ!


Македонска нација

„ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!!!

Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга, ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“!

(Апел на Никола Груевски по последната пресуда до граѓаните преку Фејсбук)

Македонија своите најголеми успеси ги доживува по доаѓањето на Никола Груевски за Премиер на Р. Македонија.

Со налогот за апсење на Никола Груевски им е задача да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ, па во тој налет на бес да плукаат и по сопствената земја и по се што е Македонско. Да плукаат по се она што не дефинира како луѓе создадени од ова парче земја Македонија.

Театралноста и “потерата” по Груевски оперативно има за цел и да го одвлече вниманието на јавноста од промената на уставот и de facto самоукинувањето на Република Македонија и на македонската нација.

Во нивните постапки нема трунка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава, за туѓи и за лични интереси.

Со оцрнувањето на Никола Груевски ги навредуваат Основачите на ВМРО-ДПМНЕ, токму тие кои деведесеттите години се бореа за самостојна Македонија, а тие кои издаваат налог за апсење на Никола беа на спротивната страна, беа против самостојна Македонија.

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија. Но, и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија. (Изјави неодамна почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски).

Единствено во овој момент кој преставува пречка за разнебитување на државава е ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Бидејки ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на браникот за одбранта на државните и националните интереси на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ Вечно!

Македонија е вечна!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top