Коментари

Никола Груевски како Драган Богдановски требаше да се острани од политичката сцена во Македонија

mane 1

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Никола Груевски исто како Драган Богдановски требаше да се острани од политичката сцена во Македонија

Големите сили заради своите геостратешки цели и желбата по секоја цена Македонија да ја внесат во НАТО, по цена и на промена на името и губење на македонскиот идентитет, го поделија и поларизираа народот.

Македонија денес е поразединета од било кога! Ако порано поделеноста била на пробугарски, просрпски, прогрчки настроени лица, или пак поделени по верска основа, денес народот во Македонија е поделен околу промената на уставното име.

Помалиот дел кои се блиски на власта, се за виткање на кичма за влез во НАТО, а другиот поголем дел кој е во опозиција се против промена на уставното име и се‘ за евроатлански интеграции со исправена кичма.

Вољата на народот се покажа на референдумот на кој беше поставено прашањето „Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на спогодбата со Грција“ пропадна.

Најголемиот дел од македонскиот народ го бојкотираше овој референдум и одлучно му кажа НЕ на актуелната власт за промена на уставното име.

Центрите на моќ, бесни заради неуспешниот референдум за промена на името, преку марионетска власт, започнаа со серија апсења на оние опозиционери кои им застанаа на патот. Започна политички прогон невиден во поновата историја на македонскиот народ.

Се апсело за време на османлиите, се осудувале на 101 години затвор членови на Македонската револуционерна организација, но и биле помилувани. Се апсело и за време на комунизмот, по Втората светска војна, кога за македонските работи се лежело затвор или се губело глава.

Сега, во сопствена држава, во која големите сили го вметнаа дефектот наречен Пржински договор, се апсат и во затвори лежат за македонска кауза патриоти, глумци, режисери, уметници, политичари. Се апсат дури и пратеници кои треба да ги штити пратеничкиот имунитет.

Никола Груевски исто како Драган Богдановски требаше да се острани од политичката сцена во Македонија.

Во недостаток на низа податоци и заради наизглед трапавото реагирање на домашните служби, единствено што може да се каже дека сето ова потсетува на времето од осамостојувањето на Македонија, кога во борбата за власт, идеологот и почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски требаше да се острани од политичката сцена во Македонија.

Тука можеби треба да се бара причината за тогашното заладување на односите помеѓу тогашниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски и почесниот претседател Драган Богдановски, како и до конечното разделување односно, Богдановски се врати во Шведска.

Исто така, и сегашниот почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ, соочувајќи се со затвор каде лесно можело да му биде доведен во прашање животот или да ја напушти земјата, се одлучил да замине во странство, за да оттаму ја продолжи борбата за Македонија.

Ако се погледне во македонската историја, каде ги имате сеуште неразјаснети, атентатот врз македонскиот претседател Киро Глигоров и околностите на загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски, и тоа што некои осуденици во затвор вршат самоубиство во кофа со вода, тогаш е разбирлива постапката на Груевски да побегне на сигурно во Унгарија.

По неговото заминување на релативно безбедна дестинација, согледувајќи дека актуелната власт е спремна на се, само да им ја испорачаат на центрите на моќ промената на уставното име, раководството на ВМРО ДПМНЕ одлучи во среда, 28 ноември во 17.00 часот од пред седиштето на партијата, да започне со масовни протести во пресрет на Новогодишните и Божични празници!

Масовните протести против уставните промени можат да доведат до предвремени парламентарни избори во 2019 година и до пад на актуелната власт предводена од Зоран Заев.

ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Бидејки ВМРО е секогаш на браникот за одбранта на државните и националните интереси на Македонија.

Изјава на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија. Но, и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top