Коментари

НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Катерина Климоска, магистер на правни науки

Еве сме ние Македонците од Република Македонија соочени со уште еден апсурд во нашето постоење. После делбите кои ни ги направиле на маса во Букурешт, до прогонот на Македонците од своите огништа, до ликвидациите на македонските интелектуалци кои ја сакале својата Земја и народ, од плачот и пискотот на мајките, децата, татковците, до денешниот молк пред апсурдот сами да ставиме потпис на крајот на една историја на постоењето- она сопственото. Од вековните крстосници на кои застануваме, никако патот да го одиме. Изморени сме веќе од прашањето кое секоја втора година ни се поставува „Сега или никогаш?!“.

Сега или никогаш беше и во 2001 година кога Рамковниот договор ни се продаваше преку флоскулите „Ова е услов за НАТО. Прифатете го и влегувате во НАТО, сега или никогаш!“

Територијалната поделба ни се продаваше како врвно достигнување за пат кон НАТО и Европска Унија, уште само тоа и влегуваме, тоа е условот. Уште колку лаги треба да проголтаме за да не решат?

Сега сме сведоци на уште едно „Сега или никогаш“. Многу „сега или никогаш“ сме преживеале, и ете, за жал, сме постапиле по нивните манипулации и сепак крајниот резултат бил- не баш тогаш, не баш само тоа, уште нешто плус, уште требало па одиме во НАТО и Европска Унија.

Уште колку ли услови ќе се измислат за да не решат?

Намерно велам „измислени услови“ бидејќи ова што се заговара не е условот за влез во Европска Унија и тоа на сите ни е јасно. Ова е само начин како да не решат. Но дали дојдовме до тоа дно како народ со безсамосодржина, безмеморија, бездостоинство, па да дозволиме самите да го ставиме потписот на копчето за delete?

Ние денес не сме пред прашањето за влез во ЕУ и НАТО, туку пред прашањето дали сме за оваа Спогодба со Р. Грција со која ќе ја редефинираме, самоизбришеме својата историја, ќе плукнеме на предците, ќе се прекрстиме и за надвор и за по дома и како во дамнешните времиња ќе изговараме Македонија зад спуштени завеси, зад заклучени врати.

Не Македонци, ова не е прашање за Европска Унија. За Европската Унија треба да засукаме ракави, да ги изриниме со лопата криминалците, манипулаторите, сета сива маса од институциите која веќе 30години не држи надвор од исполнување на реформите за ЕУ. За да одиме кон Европската Унија треба реформи, реално спроведени во пракса. За влез во Европската Унија не се подобни извештаи како оној на Прибе, каде точно ни се укажува што треба да сработиме за да не биде во ЕУ.

Не, не, ние би да уз ручек и добар десерт па да смениме име, историја, МКД ознаки, една фина лоботомија до последниот залак, па да наздравиме со македонско вино за жал без назнака за македонското во него. Вака ли во ЕУ? Сите политичари од ЕУ ни потенцираат дека патот кон ЕУ ќе биде долг и тој ќе подразбира исполнување на сите критериуми, односно работа и резултати. Оваа Спогодба и ЕУ се две различни работи. За ЕУ ќе гласаме кога ќе ги исполниме потребните критериуми и кога некој како Прибе и останати институции во ЕУ ќе дадат позитивен извештај дека во Република Македонија владее право, има систем, добра администрација, почитување на човекови права и сето она што значи европски вредности, за да те пуштат во нивно друштво.

Дали сте се запрашале зошто токму билатерален договор/спогодба? Зошто само потпис од двете земји? Бидејќи ова што ни се нуди е надвор од меѓународното право, човековите права и правото на самоопределување, а кои се толку важни денес во 21век во ЕУ и Обединетите нации. Голема е борбата и заложбите за почитување на овие основни човекови права. Токму затоа и намерата е Народот сам да си се предефинира и самоизбрише за да утре кога Историјата ќе земе Збор, никој од надвор нема да има одговорност. Народот сам со свој потпис си кажал. Никој нема да сноси одговорност, ниту нашите политичари (без разлика позиција или опозиција)- тие ќе се добро офајдени па совеста, која не ни ја имале, нема да им е ни тогаш присутна, ниту западните политичари кои немаат никаков удел формално во сето ова- тие само дале свое мислење. Затоа нам не ни е потребно да ни каже партија или политичар кои сме и колку ќе е убаво доколку не сме тие. Со раѓањето родителите ни се тие, потеклото ни е тоа, како сега сето тоа да менуваме? А, да, постојат луѓе кои си измислиле своја лажна животна историја и CVто го продаваат како вистинска флоскула- но што правите кога ќе дознаете за таквите?.. им се смеете, ги презирате, ги давате за пример на негативното во животов. Сега вие ќе влезете во тоа друштво? Како и колку срамно ќе се чувствувате после тоа? ИЛИ БЕСРАМНОСТА НАДВЛАДЕАЛА НАД СЕ ШТО Е ЧОВЕЧНО? Велат уште овој договор и европски ќе живееме. Тоа му доаѓа како да кажете браво за криминалците кои уништиле животи, но што да прават од нешто мора да заработуваат нема друг начин… ете така некако би било објаснувањето на прифаќање на себе редефинирање оти нема друг начин да одиме во ЕУ. Предолго веруваме во манипулации, длабоко оваа сива карактеристика навлегла низ нашите институции, ни го сронала системот, ни навлегла во нашите домови. Изгубени сме во лаги, лицемерие, декаденција и човечка проституција, па веќе како да почнавме да веруваме дека тоа е правиот и вистинскиот пат. Не, тоа не е вистинскиот пат, барем не во една нормална земја која сака да биде дел од ЕУ, не, тоа не е европски во ниту една смисла.

Многу искушенија поминал македонскиот народ, ќе ја надминеме и оваа декаденција. Но, декаденцијата на општиот понор на смислата на човекот не се отстранува преку прекрстување, менување историја, менување сопствени назнаки, малтене еутаназија на еден народ каков што постоел до тогаш и се борел низ вековите. Еве прекрстете се, што се променало кај вас? Само посветена работа, достоинствени луѓе на функции и реформа по ЕУ стандарди може да не носи напред. А за тоа Името не ни е виновно. Името од секогаш ни било големо, но за жал ние се‘ помали во свесноста и чесноста.

Кога овците ќе стивнат, чуму овците? Што ќе ни остане?

Ќе се срамиме ли од себе пред Историјата, пред Светот и пред Иднината?

Нам не ни се криви политичарите од надвор, тие си имаат своја агенда и свои политички цели (политички, а не правни). Тие за самоопределувањето и суверенитетот на Својата Татковина се грижат исконски и никој нема право да им го спомне ниту па оспорува ним тоа.

Ова е Наша Татковина и ние сме домаќини тука.

Затоа им велиме на сите добронамерници: Повелете, добродојдовте, ние Македонците од Република Македонија ви постиламе трпеза од убавината на македонското постоење низ вековите и ве покануваме да ни бидете пријатели на патот кој ќе го изодиме со многу труд кон достинување на европските вредности на ова тло.

Ние Македонците од Република Македонија велиме: Се што значи непочитување на декларациите на Обединетите нации и непочитување на вредностите на Европската Унија, не е допустливо за разгледување. Се треба да се разрешува според правилата и правото кое важи за сите во ОН и ЕУ, доколку сакаме да бидеме и ние дел од ЕУ. Затоа, назад на маса во Обединетите Нации!

Достоинството, чистиот образ и мирната совест нема да ни даде леб и полн џеб, тоа ќе мора самите да ги засукаме ракавите и да сработиме. Но, барем ќе не поштеди од срамот од себе си. Велат, човек за добри пари лесно се продава, но нечистата совест и срамот не му се мијат! Е тој СРАМ нити исчезнува нити се брише. За век останува.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top