Коментари

Од оаза на мирот станавме пустина

Свекрва

Од оаза на мирот станавме пустина

По крвавиот распад на СФР Југославија и мирното осамостојување на Македонија во 1991 година, земјата беше именува како оаза на мирот. Но, набргу тој мир беше нарушен, прво со транзицијата на општествениот капитал во приватен и отпуштање на над 200 илјади вработени, потоа и со блокадите од страна на Грците.

Опустошени места, опустошени фабрички хали, полупразни училишта, полупразни паркови без некој голем детски џагор, само по некој пензионер и млади кои едвај ја чекаат првата можност да заминат во странство. Долго време нема радост и безгрижност на лицата на луѓето. Кај мнозинството граѓани во очите им се чита тага и загриженост од иднината во која ги втурнаа челниците на СДСМ.

Всушност, сето тоа е последица на политиките на Социјалдемократите кои со својата политика ја опустошија земјата. Сега тие сакаат да им го одземат на оние кои останаа и името, и идентитетот, и јазикот и културата. Сакаат да го обезличат македонскиот народ во единственото слободно парче македонска земја, како што многу одамна тоа се направи со мекедонскиот народ во Пиринска и Егејска Македонија.

Откако власта со сила и манипулација ја презедоа СДСМ и ДУИ, не се почитува ни Устав, ни Закон, а органите на власта и бандите ги штитат од растечкото огорчување на масите. Само силата им овозможува на сегашната власт неказнето да го прекршува Уставот и Законите.

Ако некогаш, на почетокот на 20 век, за време и по Балканските војни, со цел да се запоседне македонската земја, со нечуена бруталност (колежи и размена на население) беше десеткувано македонското население во сите три дела на поделена Македонија, денес, за жал во 21 век, речиси со истите методи се ништи македонскиот народ во единственото парче слободна македонска тероторија. Во тоа обилно помагаат македонски изроди, кои за грст жолтици се спремни да го продадат името и идентитетот на државата и најмилото.

Македонскиот народ соочен со безработицата, со сиромаштијата која ја донесе политиката на социјалдемократите, интензивно ја напушта земјата и оди во странство каде набрзо, веќе при втората или третата генерација ќе бидат асимилирани.  

Колку е штетна политиката на социјалдемократите може да се види ако се направи споредба со претходната влада на ВМРО ДПМНЕ.

Без разлика на одредени аномалии, за време на претходната власт, Македонија беше едно големо градилиште, имаше странски инвестиции, се намалуваше невработеноста, се водеше политика за зголемување на наталитетот и што е најзначјно се врати надежта кај народот.     

Сето тоа траеше се до моментот кога еден аболиран политичар, со помош на странците, не ја затресе земјата со т.н. “бомби“.

Од тој момент, „слези Мурто, да се качи Курто“, се‘ застана. Сојалдемократите нелегално ја зедоа власта, но што вреди кога незнаат што да прават со неа освен да размислуваат за сопствените џепови. За народот баш им е гајле.

Уште нецели десетина дена доаѓа Нова година. Наместо семејствата да се радуваат, на многумина трпезата ќе им биде полупразна, а под елките ќе ги нема традиционалните пакетчиња.

А како да ги има, кога од рај на земјата, направија Македонија да стане пустина.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top