Коментари

ИМАЛО ГОСПОД: МОНСТРУМОТ БЕЈЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ИМАЛО ГОСПОД: МОНСТРУМОТ БЕЈЛИ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА

Повеке македонски електронски портали објавија деновиве дека тим од 11 финансиски експерти од Американската влада ја чешлаат документацијата во Американската амбасада во Скопје пребарувајки лист по лист во потрага за докази како се трошени парите од даночните обврзници на САД во процесот на разнебитување на стратегискиот партнер на нивната земја – Република Македонија, за донесување на квинслишката влада на Зоран Заев на власт со единствена цел: со сите расположиви средства и методи (најчесто недозволени и бескрупулозни) да се преиначи (по теркот на “длабоката држава”) етничкиот баланс, името на државата, нејзиниот Устав и идентитет на мнозинскиот македонски народ.
Немам зборови да го опишам моето лично воодушевување од присуството на 11те финансиски експерти и од срце им посакувам да ископаат што е можно повеке докази за конечно и дефинитивно да го раскринкаат овој експонент на “длабоката држава”, на која Претседателот Трамп и објави војна со изјавата што ја даде пред неколку месеци:”Раскрстив со кланот Клинтон и со кланот Буш, сега ми преостанува да раскрстам и со “длабоката држава” (Deep state)”.

Со душа сакам да им помогнам на 11 финансиски експерти од преку барата со две сугестии благодарение на некои доблесни македонски електронски портали.

Прва сугестија: Мислам дека би било извонредно корисно на споменатите финансиски експерти да им се даде на увид фотографијата како лицето Џес Бејли буквално му диши во лице на поранешниот претседател на Државната изборна комисија Чичаковски (добро е да се сретнат и со него лично) кога се случуваше гласањето и прегласувањето во Теарце за време на последните парламентарни избори, и

Втората сугестија: Мислам дека ке биде многу корисно (за комисијата финансиски ревизори во амбасадата на САД) да го поканат на кафе средба судијата Владимир Панчевски и да го замолат да каже: ЗОШТО беше повикан на разговор во американската амбасадата од Бејлиевци непосредно по завршетокот на последните парламентарни избори и што бараа дотичните од него, што само по себе е невиден скандал и безобразие без предесан.

Сакам да верувам дека Белата куќа конечно свати колкава штета и нанесоа Џес Бејли и Стејт департментот чиј експонент пет години беше именуваниот ЦИАш (иако пред некој месец беше најавено дека к о н е ч н о во декември о.г. ке замине од Македонија и дури беше соопштено името на дамата амбасадор што ќе го замени), еве на истекот и на декември и на ова 2018та година (да не се повтори) тој сеуште го дише скопскиот загаден воздух и никако да исчезне, (како да нема куртул од него?)

Експоненти како Џес Бејли – егзекутори на политиката на “длабоката држава” и нанесуваат огромна и непроценлива штета на угледот на САД и на растот на антиамериканско расположение во земјите каде таквите ги номинираат за дипломати од највисок ранг! Впрочем, истиот тој Бејли направи невиден хаос со бројни човечки жртви во “бунтот” што токму тој го оркестрираше на плоштадот Таксим во Истамбул.

Малку, сосема малку фалеше Турција да го прогласи за persona non grata и да го протера, што секако ке беше невиден скандал, но американците на време го повлекоа и ни го утрапија нам, во Македонија, каде направи невиден русвај со што – потполно непотребно, предизвика невиден пораст на антиамериканското расположение кај народот (а небаре сме стратегиски партнери!?)!

Си земам слобода да им сугерирам на 11те финансиски ревизори да се позанимаваат и со лицето Дејвид Стивенсон, којшто му беше цели четири години десна рака на Џес Бејли во егекуцијата на инструкциите од “длабоката држава” од Вашингтон!!! Не му беше доволно на Дејвид Стивенсон што под плаштот на дипломатскиот имунитет да ровари во нашата земја и да врши притисоци врз македонското судство, па сега се ушанчил во Специјалното јавно обвинителсто (СЈО), демек како советник, за да не уништи до крај преку реализацијата на сценариото што ни го стокмија ЦИА и Стејт Департментот.

Надвор такви валкани типови од светата земја Македонија!!!

САД и должат многу на Република Македонија! Додека нам ни даруваат проекти за јакнење на полициската држава (објекти за обука на полицајци во касарната во Ѓорче Петров, скутери за царината, чамци, амбулантни возила и сл, во Драч истоваруваат 300 текови и огромни количини друга воена опрема…

Да потсетиме и дека САД не ја признаа пресудата на судот од Хаг за прекршувањето на времената спогодба со Грција од 1995 и тие (САД) ни го стокмија сценариото за туркање на претходната легално избрана влада на РМ и наметнување на актуелната Квинслишка влада.
Случајот Бејли и неговото криминогено префрлање на средства од американските даночни обврзници преку агенцијата ЈуЕсЕјд (USAID) на оној белосветски хохштаплер Џоирџ Сорос и неговите инсталации во Македонија во вид на некакво си “Отворено општество” (читај ЦИА) е добар повод за преиспитување и коренито менување на американската надворешна политика кон нашата земја која беше и се надевам останува верен сојузник на САД и западот.
П.С. Се надевам дека некој од оние 250 македонски службеници кои работат во амбасадата на САД во Скопје ќе го преведат мојот прилог и ќе им го стават на располагање на 11те финансиски ревизори за да се збогати нивниот извештај од операцијата за финансиските злоупотреби на Џес Бејли.
Воедно и ним им ја честитам Новата 2019 година и посакувам и Стејт Департментот да го корегира нивниот став за преименување на нашата држава, промена на македонскиот Устав и за наш достоинствен влез (а не осакатени и преимеувани) во НАТО, и тоа по нивна заслуга!!!
Грдиот лик на Џес Бејли

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top