Коментари

Утре пред Собранието на Р.Македонија во 12.00 часот на пладне

Александар Пандов

После сите бомби, пленуми, шарени куртони и Сорос, после СЈО и сите уцени, судења, притвори за патриотите и политички прогони, преку насилното превземање на власта на 27.04 и инсталирање на хунтава, па референдум, за жал дојдовме до денот Д.

Утрешниот ден е денот после кој нашата татковина ќе биде преименувана во Северна, а Македонскиот народ ќе остане без идентитет и историја.

Во минативе години многу,многу протести и лични жртви понесоа, а дел (Ќосето, Чавков, Ченто, Дурловски, Игор Југ) и сеуште страдаат само поради својата борба во одбрана на она што е за секој Македонец исконско, дека е Македонец, кој говори Македонски јазик и е од Република Македонија.

Утре Таљат ја има закажано седницата во 12 часот во собранието, а Македонците закажаа протест пред собранието.

Во тоа име, а и во име на сите жртви кои сега ја плаќаат цената на нивната љубов кон Македонија, ве повикувам во што поголем број да се собереме и повторно гласно да крикнеме и го повториме нашето не согласување со измените на уставот. Очекувам без разлика на партиска определба дека секој кој се чувствува како Македонец да присуствува.

Малку е надвор од контекст, но би сакал да предупредам. Во периодов гледам засилена активност на одреден број политичари кои веројатно се гледаат како претседателски кандидати. На секого од нив му е познат мојот став за бојкотирање на претседателски избори без парламентарни (Пржинска влада), но како и да е им посакувам лична среќа и успех. Меѓутоа, нивното отсуство од утрешниот протест за мене тој политичар/ка, го прави подеднакво легитимна мета во наредната кампања, буквално иста, каква што ќе ми биде консезуалниот кандидат на СДС и ДУИ, Зоран Заев

#СлободаИлиCмpт
#МакедонијаСекогаш
#СевернаНикогаш – напиша Пандов на својот ФБ профил!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top