Коментари

Наместо честитки, срушете ги Заев и хунтата

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Наместо честитки, срушете ги Заев и хунтата. Е многу чуден народ сме. Се отепуваме од честитки за празници, специјално кога сме преплавени од видот – на сите припадници и пријатели од муслиманска ( како и католичка ) вероисповед им го честитаме тој и тој празник. 

Сега, во овие судбоносни моменти, сите се скапуваат од честитки околу за Божиќ. Честитајте, ама и пренесете дека во име на Бога нема да дозволите фашисти кои се поврзани со ѓаволот, да ја газат Македонија и да менуваат име. 

На кој јазик и на кого после ќе му честитате празници и делници кога како северџани не ќе смеете да дишете и да отидете до црква, како на пример во Ѓаковица ? 

Јас лично сум револтиран и гневно протестирам против МПЦ и Владиците ( освен Петар и Агантангел ) и се рабира против Поглаварот. Последниве 16 години жестоко се борев против компаниски Директори во Австралија поврзани со Владици изроди и бугарско – грчки црквен сојуз. Гласно кажував дека сето тоа има политичка заднина и дека ќе дојде денот кога преку СДСМ ќе се оствари она што се случува денес. 

Разочаран сум во народот Македонски зато што е многу пасивен и само сака нешто да честита некому и да испадне поербап од Итер Пејо. 

Затоа народе Македонски, пријатели, роднини, познаници и интернет пријатели … НЕМОЈТЕ НИШТО ПОВЕЌЕ ДА МИ ПРАТИТЕ ПОРАКИ И ДА МИ ЧЕСТИТАТЕ БОЖИЌ ИЛИ ВЕЛИГДЕН ИЛИ БИЛО ШТО. ОДЕТЕ РУШЕТЕ ГИ И УНИШТЕТЕ ГИ ТОТАЛНО ЗАЕВ, СДСМ И НИВНИТЕ ГАЗДИ И НАРЕДБОДАВАЧИ, ОТРГНЕТЕ ГО ЗЛОТО И ЦРНИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ ПОВЕЌЕ НЕ ВЕ ПОЗНАВАМ ПА НИ БОГ НЕМА ДА ВЕ ПОГЛЕДНУВА. ВО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА … АМИН !!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top