Коментари

Промовирана монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески”

Македонска нација

Фотографии од промоцијата:

https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.10205868450466772&type=3

Промовирана монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески”

На 1 февруар 2019 година, во Музејот на Македонската Револуцинрна Борба – Скопје, се одржа промоција на монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески” од Киро Кипроски. Во присуство на г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други многубројни гости, книгата ја промовираа проф. Д-р Михајло Миновски, проф. Д-р Марјан Ивановски и писателот Блаже Миневски.

Во своето обраќање до присутните гости, промоторите Миновски, Ивановски и Миневски со пригодни зборови говореа за монографијата која го осветлува ликот и делото на човекот кој целиот својот живот го посветил на својата татковина Македонија, на човекот кој е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, прв претседател на македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа и координатор на задграничните комитети на партијата.

Авторот Киро Кипроски уште на почетокопт на својот вовед во монографијата ќе забележи дека „кога ќе се погледне животниот пат на Маноил Мане Јаковлевски, неизбежен е впечатокот дека тој и Македонија се нарездвоен дел. И, ако случајно, по неговата смрт, се распори неговото срце, таму ќе ја најдете насликана Македонија, цела и единствена…“   

Љубовта кон Македонија, како што пишува авторот, кај Мане „е чиста и неизвалкана од било какви интереси или пак кариеристички побуди, карактеристични за многумина квази Македонци кои декоративно се борат за Македонија, а интимно во преден план ги ставаат сопствените интереси.“

Воден од Илинденските идеали на македонските дејци, целиот свој живот Мане Јаковлевски го посветува на својата сакана татковина. Тој цело време се бори за македонската кауза и сака да ја види својата Македонија како слободна, обединета, демократска и современа држава.        

Неговиот копнеж кон Македонија го споделуваат бројните соборци, обични граѓани и општествени дејци. Сите нив ги обединува една идеја, една мисла – Македонија.

Во овие судбоносни денови на македонскиот народ, кога се доведува во прашање името, идентитетот и опстанокот на македонскиот народ и неговата држава, почитувачите на делото на Јаковлевски, обединети околу една идеја, се собраа на промоцијата на монографијата „Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“.

Големата присутност на општествени дејци на промоцијата на монографијата за Мане, покажа не само нивен почит кон неговото дело, туку истовремено покажаа непокор и несогласување на голем дел од општествената јавност со настаните во поново време кои се последица на атаците врз македонскиот народ и држава.

А за почитта кој делото на Мане Јаковлевски може да се прочита во самата монографија. Имено, поранешни амбасадори, новинари, соработници, соборци и пријатели, како д-р Срѓан Керим, Мартин Треневски, д-р Панде Лазаревски, Стојан Карајанов, Панде Колемишевски, Лилјана Мизрахи,Тодор Петров, Александар Донски и др. говорат за Мане, за неговиот патриотизам, за неговата клучна улога во создавањето на модерното ВМРО, како и тоа дека е неуморен трагач по вистината, чувар на илинденските идеали, македонската вистина и бастион во одбраната на македонството.

Промовирањето на монографијата која отсликува половина век од животот и борбата за слободна Македонија беше проследено од триото прекрасните млади гласови кои со својата песна ја дополнија слика за борбата и вековниот идеал на македонскиот народ оставија силен впечаток на присуните.

Промоцијата која се одржа на самиот роденден на Мане кој е роден на 01.02.1951 година во гостиварското село Зубовце, беше во организација на печатницата „Европа-92“ која ја издаде монографијата “Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлески”

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top